Бесплатен паркинг на повеќе места на Градски паркинг, освен на Водно

За време на утрешниот празничен ден, по повод 11-Октомври, Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 …

Continue Reading

Кремљ до Зеленски: „Неосновани сугестии дека војната на Блискиот Исток е во интерес на Русија“

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека во интерес на Русија е да предизвика војна на Блискиот Исток со цел да го ослабне „глобалното единство“, не се заснова на факти, соопшти Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека ова е долгогодишен конфликт со многу длабоки корени и дека Русија е во контакт и со Израел и со Палестинците. …

Continue Reading

Му се заканил со нож на вработениот на бензиска и украл пари: приведен разбојник во Скопје

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир, вчера извршиле службен разговор со А.А.(30) од Скопје. Тој се сомничи дека на 08.10.2023 со закана со нож кон вработен на бензинска пумпа во Скопје одзел пари. Во службениот разговор, тој го признал делото. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство.

Continue Reading

Османи како претседавач со ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел, бара Македонски концепт

Партијата Македонски Концепт бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи, како претседавач на ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Ова барање, како што велат од партијата, следи по последното симптоматично и проџихадистичко однесување на Османи, кој одби да ги именува нападите на Хамас врз Израел како терористички од терористичка организација. „Првиот чекор да го …

Continue Reading

Одземено товарно возило во Охрид: било натоварено со огревно дрво без дозвола

Вчера во 09.45 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од З.Н.(58) од Охрид одзедоа товарно моторно возило „Там“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со четири метри просторни огревно дабово дрво за кои не поседувал документација. Дрвната маса, возилото и други предмети биле одземени и предадени на шумска полиција и сместени во стовариште на Ј.П. „Национални …

Continue Reading

Барселона доживеа тежок финансиски удар

Барселона минатата сезона претрпе сериозни финансиски загуби. Наместо планираниот минус од 28 милиони евра, вкупниот износ на расходите ги надмина првичните проекции за 88 отсто и изнесува 56,6 милиони евра. Лошата финансиска состојба ја влоши и раскинувањето на договорите со Шарунас Јасикевичиус, Никола Миротиќ и Кори Хигинс. Вкупниот трошок на тие одлуки беше 25,27 милиони евра, но оваа сума нема …

Continue Reading

Грковска – Перебијнис: Украина е пријателска земја и секогаш може да смета на поддршката од Северна Македонија

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис, кој деновиве е во посета на земјите од регионот. Вицепремиерката Грковска изрази поддршка за украинските граѓани во справувањето со руската воена агресија врз Украина и борбата за зачувување на територијалниот интегритет на државата. Таа нагласи дека …

Continue Reading

Приведен охриѓанец: крадел огревно дрво

Вчера во 15.40 часот во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Ќ.(46) од Охрид. Тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри просторни нежигосано огревно дрво со товарно моторно возило „ГМЕ“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на В.Ќ. од Охрид. Товарното возило, огревното дрво и една моторна пила се одземени и …

Continue Reading

Тренчевска: Продолжуваме со работа која значи унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост

По извршениот увид на Комитетот на Совет на Европа за превенција од тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување на институциите кои работат со згрижување на пица со интелектуална попреченост и нарушување на психичката состојба, беше презентиран прелиминарниот извештај пред Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Воглавно на состанокот се разговараше за успешноста на процесот од деинституционализација …

Continue Reading