Ковачевски: Одредени лица нема да бидат опфатени со законот за амнестија, СДСМ ќе поднесе амандман
Законот за амнестија е испратен во Собранието во процедура без европско знаменце, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека неколку месеци го изработувало Министерството за правда и дека бил испратен до сите пратенички групи вклучително и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Јас имав свој став во однос на законот и пратеничката група на СДСМ веднаш ќе поднесе амандман кога ќе влезе …
Continue Reading
Се одржа втората конференција „Родова еднаквост на работното место“
По повод Меѓународниот ден на еднакви плати, се одржа Конференција на тема „Родова еднаквост на работното место”, организирана од Алијанса за родова еднаквост на работното место – ГЕА, иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Конференцијата се организираше со поддршка на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Консалтинг за стратешки развој …
Continue Reading
Општина Илинден обезбеди продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“
Во ПООУ „Гоце Делчев“ од вчера започна продолжен престој и за учениците од второ одделение, кој го обезбеди градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во продолжениот престој за второ одделение има вкупно 31 дете и се сместени во просторија комплетно опремена за таа намена. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети училиштето и децата, со цел да се запознае …
Continue Reading
Приведен дилер во Прилеп, при извршен претрес пронајдена дрога
На полициски службеници од СВР Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, го лишиле од слобода 32-годишниот Д.П. од Прилеп, извести МВР. – При претрес во неговиот дом на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР. Д.П. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот …
Continue Reading
Холивудски актери продолжуваат со преговори со студијата и ТВ-мрежите
Претставници на холивудските актери во понеделникот (2 октомври) ги продолжија преговорите со претставници на големите студија, телевизиски мрежи и стриминг-платформи, што е првпат двете страни да се вратат на преговарачка маса од средината на јули. Обновените преговори меѓу синдикатот на актери САГ-АФТРА и Алијансата на филмски и телевизиски продуценти се случуваат осум дена откако продуцентите склучија посебен договор со холивудските …
Continue Reading
Тренчевска: За линеарно покачување на пензиите повеќе нема да се разговара, легитимно е да се протестира
Пензионерите имаат демократско право да протестираат, но за линеарно покачување на пензиите повеќе со нив нема да се разговара, рече денес министерката за труд и социјална политика Јована Транчевска. Работна група подготвува нова мерка за подобрување на стандардот на пензионерите, но ќе се однесува на оние со најниски пензии. „Во овие мерки нема линеарно зголемување на пензиите затоа што линеарното …
Continue Reading
Присуството на Европската унија во регионот е најдобриот лек за тензиите на Балканот: Петровска од Варшавскиот безбедносен форум
Министерката за одбрана Славјанка Петровска учествуваше на дискусијата на високо ниво на тема „Европа во војна: Зацврстување на колективната одбрана на НАТО“, на која заедно со претседавачот со Воениот комитет на Алијансата адмиралот Роб Бауер, словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец и министерот за вооружените сили на Обединетото Кралство Џејмс Хипи, со модерација од поранешниот командант на Армијата на САД …
Continue Reading
Предлог Законот за правда на децата до крајот на октомври ќе биде доставен во владина процедура
Во изработката на Законот за правда на децата учествуваа сите субјекти во системот на правда за децата, УНИЦЕФ и невладините организации. Работната група за подготовка на Предлог на Законот во процесот на консултации со засегнатите страни посвети особено внимание на препораките за подобрување на законодавната рамка за правда за деца изрaботени од УНИЦЕФ во Македонија, велат од министерството. „Со предложените …
Continue Reading
Тетовец ги изгубил парите, а во полиција лажно пријавил дека бил нападнат и ограбен
Синоќа во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово бил повикан С.К.(21) од Тетово, кој еден час пред тоа пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово околу 13 часот бил физички нападнат од три лица и повреден со остар предмет, при што му биле одземени и пари. По преземени мерки и активности набргу било утврдено дека тој лажно …
Continue Reading