Приведено лице од струмичко, пронајдени 297 штеки разновидни цигари

Вчера во 01.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 53-годишниот Д.К. од село Иловица, струмичко, извести МВР. – При преглед на патничко возило „пежо“, кое го управувал биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното …

Continue Reading

Македонски Телеком доби награда за корпоративна филантропија

Македонски Телеком доби награда за својата посветеност во сферата на општествената одговорност за иницијативата „Заедно за интернет без омраза“. Наградената иницијатива е дел од партнерството помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“ чијашто цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со еден од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација – говорот на омраза на интернет. …

Continue Reading

Марк Маркез во фабричкиот тим на Дукати?

Шпанскиот возач Марк Маркез наскоро би можел да стане член на фабричкиот тим на Дукати. Марк Маркез е осумкратен светски шампион, но откако почнаа проблемите со повредите тој нема добри резултати во Репсол Хонда. Неговиот договор истекува во 2024 година и веќе се шпекулира дека тоа ќе биде негова последна сезона во Хонда и дека би можел да се пресели …

Continue Reading

(Видео) Костадиновска-Стојчевска од Ријад: Охридскиот Регион останува на листата на УНЕСКО

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, присуствува на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, на која вчера беше соопштена Одлуката на Комитетот дека Охридскиот Регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на листата на светско наследство. Во македонската делегација во Ријад се и министерката за животна средина и просторно планирање, …

Continue Reading

(Видео) Турист скрши историска статуа во Брисел

Ирски турист искрши историска статуа во Белгија само еден ден откако беше претставена пред јавноста по реставрацијата од 15.000 фунти. Неименуван маж е уапсен на 10 септември бидејќи со факел откинал дел од раката на споменикот пред новоотворената берза во Брисел, јавува белгискиот ВРТ НВС. Целата зграда исто така беше отворена еден ден порано, по големата реконструкција од 77 милиони …

Continue Reading

Сведоштво на француска тенисерка: тренерот ме силуваше 400 пати за две години

Поранешната француска тенисерка Анжелик Коши сведочеше како дел од истрагата за сексуална злоупотреба на малолетници во рамките на Француската тениска федерација. Коши даде грозоморни детали за злоупотреба, наведувајќи дека тренерот ја силувал 400 пати во период од две години, понекогаш и три пати на ден. Анжелик Коши сведочеше дека тренерот Андрју Гедес ја силувал три пати на ден кога ја …

Continue Reading

Приведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација

Вчера вечер околу 20.30 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 24-годишниот М.Џ. од село Батинци. Тој бил затекнат како со товарно возило „там“ врши транспорт на огревно дрво без документација, извести МВР. – Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица, соопшти МВР. По …

Continue Reading

Украинска армија: Ја ослободивме Андријивка

Украина го ослободи селото Андријивка во областа Доњецк, кое се наоѓа јужно од Бахмут, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Веста за ослободувањето на селото вчера ја соопшти заменик-министерката за одбрана Хана Маљар, но украинската војска набрзо ја демантираше оваа информација. Третата ударна бригада вчера соопшти дека борбите во Клишчивка и Андријивка продолжуваат, по што Маљар ја коригира …

Continue Reading

Левица: Братот на пиштолџијата Kока ќе го спасува МЕПСО од скандалите во работењето

„Со поставувањето на Зуди Енузи Кока, брат на пиштолџијата Цуфи Кока, за директор на АД МЕПСО, едно од најгоелмите и најзначајни претпријатија во државна сопственост, продолжија меѓупартиските ценкања и поткусурувања меѓу ненародната предавничка влада на СДС и ДУИ од една страна и нивниот помал привезок – Алијанса на Албанците од друга. Иако Кока нема ниту еден ден искуство во енергетиката, …

Continue Reading