Скопјанка нападнала малолетник, таткото пријавил во полиција

Триесет и четиригодишна жена нападнала малолетник на Бит Пазар, а случајот го пријавил таткото во полицијата. „А.И.(49) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од 34-годишната Р.Х. од Скопје“, објави МВР. Се работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Приведени тројца гостиварци кои со дрон снимале кај Солунска глава

Вчера над село Црвена Вода, скопско, полициски службеници ги привеле А.И.(49), Г.В.(48) и Л.Б.(50), сите од Гостивар, кои биле во автомобил. „Полицијата постапи по пријава според која со дрон, кој бил пронајден кај нив, вршеле недозволено снимање на Солунска Глава“, велат од МВР. Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка и по документирање на …

Continue Reading

Маж им извадил нож на вработените на бензинска во Карпош откако одбил да плати

Маж одбил да плати за производите кои ги зел, а потоа се закнувал со нож. Ваква драма синоќа се одвивала на бензинска пумпа во скопската населба Карпош. Се работи за 32-годишен скопјанец со иницијали Е.А. кого полицијата го привела. Според информациите од МВР настанот се случил нешто пред полноќ. „Одбил да плати за производите кои ги зел и се заканувал …

Continue Reading

Пожар избувна над Зрзескиот манастир, активирани авионите за гаснење – огнот се заканува на селото

Два пожари избувнаа попладнево на територијата на Општина Долнени. Од Центарот за управување со кризи информираа дека првиот избил над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен. „Гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон селото Зрзе“, објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Вториот пожар …

Continue Reading

(Видео) Столе се сретна со идолот Буфон

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски имаше чест да се сретне со италијанската голманска легенда, Џанлуиџи Буфон, добивајќи автограм на дресот со кој беше фотографиран пред мечот со Италија. Голманот на Рајо Валјекано стана сензација во Италија откако на тренинг пред квалификацискиот меч со Италија го носеше стариот дрес на Буфон, сега имаше можност да се сретне со Буфон, и да …

Continue Reading

Претседателите на седум држави доаѓаат во Скопје на состанокот Брдо-Бриони, Пендаровски ќе им биде домаќин

Претседателот Стево Пендаровски, утре во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, …

Continue Reading

Ужас во Градско: Маж се качи врз вагон и загина од струен удар

Маж загина качен на воз од струен удар во Градско. Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за мигрант на 30-годишна возраст. Тој се качил на покривот на вагоните на воз што сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а несреќата се случила кај Градско кога дошол во допир со кабел на електрична енергија при што добил струен удар. Случајот …

Continue Reading

Ердоган: Иницијативата за оживување на договорот за жито не е одржлива без Русија

Прашањето за опстанокот на Црноморскиот договор е детално дискутиран на самитот на Г-20 овој викенд, но секоја иницијатива што ја изолира Русија веројатно нема да биде одржлива, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција. Русија, Украина и Турција ќе продолжат да разговараат за договорот и животот, додаде Ердоган. Претседателот на Турција претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен …

Continue Reading

Гркинка сними видео на кое плаче и зборува за 100 жртви во поплавите, уапсена е за ширење лажни вести

Триесет и петгодишна жена од Грција вчера е приведена поради ширење лажни вести. Според истрагите на Управата за гонење електронски криминал, 35-годишната жена објавила видео на својот профил на социјална мрежа, на кое зборува за голем број смртни случаи предизвикани од бурата „Даниел“ на подрачјето на Тесалија, нешто што не е потврдено од официјалните власти, објави грчкиот весник „Прототема“. Поточно, …

Continue Reading