Маж кој беше пријавен за исчезнат најден на врвот на Китка
Полицијата го пронајде 36-годишниот маж од селото Цветово кој пред два дена беше пријавен за исчезнат од страна на неговиот брат. Од полицијата информираа дека вчера го пронашлаше мажот на врвот на планината Китка.
Continue Reading
22-годишен скопјанец нападнал малолетници и полицаец во продавница
Момче на 22-годишна возраст нападнало три лица и полицаец во продавница во Кисела Вода. Од МВР информираат дека момчето со иницијали А.Ѓ. околу 18. часот, по претходна расправија, физички ги нападнало К.Ц.(18) и двајца малолетници, а потоа агресивно и полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Автопатот Атина-Солун непрооден, спасувачите во акција – засега загинаа 10 лица во бурата
Десет лица загинаа и уште четворица се исчезнати. Над 2.000 луѓе се спасени. Засега ова е билансот од невремето „Даниел“, кое ја зафати Грција и покрај жртви, предизвика штета која се мери во милијарди евра. Стотици луѓе во Грција се заробени во поплавените села во регионот на Тесалија и покрај стабилизирањето на времето, а протокот на вода продолжува да расте …
Continue Reading
Спринтот во Мизано му припадна на Хорхе Мартин
Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, победи на спринт трката во пресрет на утрешната Голема награда на Сан Марино и Римини. На патеката „Марко Симончели“, Мартин ја забележа третата победа во спринтот, откако претходно беше најдобар во Франција и Германија. Најблиску до Шпанецот беше Марко Бецеки од тимот на ВР46, кој заостана околу една секунда, додека на третото скалило на …
Continue Reading
Г20: „Државите не смеат да користат сила за да окупираат територија на друга земја“
Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, државите мора да се воздржат од употреба на сила со цел окупација на територии, констатираа денеска земјите од Г20 во заедничката декларација на самитот во Њу Делхи. „Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, сите држави мора да се воздржат од закана или употреба на сила со цел окупација на територија, против територијалниот …
Continue Reading
(Видео) Американски научник седум дена заробен во турската пештера: спасувачката операција може да трае уште 12 дена
Спасувачите од Европа пристигнаа во Турција за да почнат операција за спасување на американски истражувач кој е оддалечен речиси 1.000 метри од влезот на пештерата. Искусниот американски спелеолог, Марк Дики, кој има 40 години, ненадејно се разболел додека бил на експедиција со уште неколку луѓе, меѓу кои и тројца Американци, во пештерата Морка во јужните планини Таур во Турција, соопшти …
Continue Reading
Над 1.000 мртви, земјотресот го опустоши Мароко: „Лустерот ни падна од таван, секаде има урнатини“
Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 1.037, а најмалку 1.200 луѓе се повредени, јави Асошиејтед прес. Соопштено е дека најголема штета и загинати има во тешко достапни планински области, а повредените се пренесени на лекување во болници. Земјотресот се случи синоќа нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со …
Continue Reading
Алкараз нема да игра за Шпанија во Дејвис купот
Најдобриот шпански тенисер во овој момент, Карлос Алкараз нема да ги брани боите на својата земја на претстојниот Дејвис куп, кој е на програмата од 12. до 17. септември во Валенсија. Се уште актуелниот број 1 на АТП листата, одлуката ја донесе по вечерашниот пораз во полуфиналето на Ју-ес опен од Данил Медведев (3:1 во сетови). „Ќе го слушам моето …
Continue Reading
Се заплеткаа сидрата на три тракети во Атина, над 734 патници останаа заглавени
Сидрата на три траекти во близина на атинското пристаниште Рафина се заплеткаа, пришто 734 патници повеќе од пет часа чекаат на пристаништето во Рафина. Третиот траект успеа да отплови. Голема е загриженоста кај патниците, вклучително и постарите и децата, бидејќи во областа дува силен ветер и предизвикува силни бранови. Пристанишните власти уверуваат дека нема опасност и дека е побарана помош …
Continue Reading