Груевски: Во мојот случај на прогон законските измени имаат минорно учество

Експремиерот Никола Груевски се огласи по информациите дека се договарал за измените на кривичниот законик. Груевски ги демантира ваквите тврдења, коментирајќи дека во неговиот случај, измените имаат минорно учество. Во статус на социјалните мрежи, Груевски посочи дека заднината на прогонот што се врши против него е стравот, конкуренцијата и желбата за политичка елиминација. „Тој прогон трае и до ден-денес и …

Continue Reading

Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венецијa

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” – вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а …

Continue Reading

Литванците ја „уништија“ Словенија за меч за 5. место со соседите Летонија

Литванија стигна до убедлива 100:82 (33:21, 20:22, 22:20, 25:21) победа над Словенија во дуел за пласман на Светското првенство во кошарка, за да осигураат дуел со соседите, најголемото изненадување на турнирот, Летонија во мечот за 5. место, по нивната победа над Италија. По одличниот старт на шампионатот со четири победи во низа, Словенците предводени од Лука Дончиќ губат трет пат …

Continue Reading

Намалување на каматните стапки на Халкбанк за кредити за физички лица

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период  до 31 декември 2023 година. Станува збор за кредити што вообичаено се најбарани од населението и токму затоа Банката одлучи да понуди подобри услови за истите со цел да …

Continue Reading

Драма во Центар: Тинејџер нападнат од неговиот 58-годишен сосед

Осумнаесетгодишен скопјанец пријавил дека синоча во 1 часот по полноќ бил нападнат од негов сосед. „Ф.Т.(18) од Скопје пријавил дека во 01.00 часот на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговиот сосед М.Ј.(58) од Скопје, кој притоа му се заканил со остар предмет“, велат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Брз кредит од 90.000 денари подигнат со туѓи податоци – МВР поднесе кривична и за финансиското друштво

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради злоупотреба на лични податоци. Од МВР соопштија дека жена ги злоупотребила личните податоци на друго лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од одговорно лицето во финансиското друштво за брзи кредити. Случајот …

Continue Reading

Младо момче од Сарај уценило малолетничка да му испрати експлицитни фотографии, па ги споделувало

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од с.Љубин, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за „прикажување на порнографски материјал на малолетник” и „производство и дистрибуција на детска порнографија”. „Во текот на јануари 2023 година, пријавениот уценил малолетничка да му прати фотографии со експлицитна содржина за да не каже на нејзините родители за нивната љубовна врска. А откако му ги …

Continue Reading

Македонија2025 ќе додели две Признанија за придонес на припадниците на дијаспората

Македонија2025, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, ќе додели дополнителни две признанија за придонес на припадниците на дијаспората кон развојот на Република Македонија за 2023 година. Добитници на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората се: Стен Томас од Канада за неговиот исклучителен придонес за македонската заедница во областа на филантропијата, социјалното влијание и хуманистички работа и Влатко Андоновски …

Continue Reading

Победникот на Типстер Купот на „Sport Life“ ги зеде клучевите од станот

Премијата на Типстер Куп сезоната 2022/2023 – станот во Џевахир Скај Сити, ја освои Владимир Трајчев од Струмица. Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година. „Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски мечеви. Често играм во обложувалница, …

Continue Reading