Вајналдум потпиша за Ал-Етифак

Холандскиот репрезентативец Џорџинио Вајналдум е најновата ѕвезда која дојде во Саудиска Арабија. Тој ќе биде дел од Ал-Етифак, тимот што го предводи Стивен Џерард. Вајналдум потпиша тригодишен договор со новиот клуб. Холанѓанецот беше фудбалер на ПСЖ, лани играше на позајмица во Рома, а претходно го носеше дресот на Ливерпул. Ал-Етифак пред два дена официјално го раскина договорот со македонскиот репрезентативец …

Continue Reading

За брзо возење во Скопје казнети 37 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. …

Continue Reading

Одеса нападната со руски дронови, погоденото пристаниште на Дунав

Рано утринава Русија изврши трииполчасовен напад со беспилотни летала врз јужните делови на областа Одеса, погодувајќи ја пристанишната инфраструктура на реката Дунав, објавија украинските воздухопловни сили на комуникациската платформа Телеграм. Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија 22 од 25-те ирански дронови „Шахед“ кои Русија ги користеше за напад на Одеса во раните утрински часови во неделата, напишаа воздухопловните сили на …

Continue Reading

Тајван се подготвува за тајфун: Илјадници луѓе избегаа, сите домашни летови откажани

Скоро 3.000 луѓе се евакуирани, а сите домашни летови се откажани додека Тајван денеска се подготвува за пристигнувањето на тајфунот Хаикуи, кој ќе донесе обилни дождови и силен ветер во јужните и источните делови на островот. Се прогнозира дека Хаикуи ќе стигне до планинскиот и ретко населен југоисточен Тајван доцна попладне во недела. Во сите градови на споменатиот дел од …

Continue Reading

Утре без струја делови од Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека утре, на ден 04.09.2023 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, ОУ Димитар Поп Беровски и дел од корисниците на ул.Воин Драшкоци (општина Ѓорче Петров) – во периодот од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците на ул.3 и ул.100 во Волково (општина ЃорчеПетров)

Continue Reading

Димитров: Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста

Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста. Сите злоупотреби и скандали, ама и сите ужаси и несреќи ќе се повторуваат сѐ додека нема одговорност. Нека бидат монструозните нечовечни наводи за криминал на сметка на животот и здравјето на пациентите на Онкологија точката на пресвртот. Нека покажат сите вклучени интегритет. Ајде конечно да расветлиме барем еден злочин до крајот. За …

Continue Reading

Состојбата на патиштата редовна, на границите не се чека

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ …

Continue Reading