Нормализиран патниот правец Берово – Струмица
АМСМ извести дека патниот правец Берово – Струмица е нормализиран. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Continue Reading
Маричиќ-Памер: Австрија дава силна поддршка за напредок кон ЕУ, важно е преговорите да продолжат
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер на која разговараа за текот на скрининг процесот, за уставните измени и важноста да се задржи европскиот дискурс на државата во овој момент. Вицепремиерот Маричиќ на средбата посочи дека членството во Европската Унија е од национален интерес и дека Владата е посветена …
Continue Reading
Николовски: Со поддршка на Европската Унија обезбедуваме нова опрема за ГЕН Банката при Институтот за тутун
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го посети Научниот Институт за тутун во Прилеп, којшто е една од најстарите научни институции на Балканот и следната година го слави својот 100-ти роденден. Институтот за тутун е важна научна институција во производството на тутун и сите овие години успешно ја извршува своја научна дејност. Преку Програмата за рурален развој, …
Continue Reading
Албанска компанија ја тужи Македонија, бара 110 милиони долари отштета
Албанска компанија ја тужи Македонија во Меѓународниот центар за разрешување спорови во Вашингтон и бара 110 милиони долари отштета поради стопиран проект во центарот на Скопје. Како што пишува Шќиптарја.ком, повикувајќи се на Олигаркиа.ал се работи за групацијата „Амадеус Груп“ во сопственост на стопанственикот Бесим Елшани и Елисабета Ѓони. Според пишувањата, основата на спорот е изградбата на хотел и трговски …
Continue Reading
Уапсен Србин кој лани го ограби Томас Милер
Португалската полиција уапси 24. годишен Србин кој е осомничен дека на 13. септември 2022 година во Германија го ограбил легендарниот фудбалер на Баерн Томас Милер. „Билд“, тогаш пишуваше за филмскиот грабеж што се случил додека Милер бил на натпревар. Крадците го искористиле времето додека ѕвездата на Баерн играше против Барселона на „Алијанц Арена“ и влегле во неговата куќа. Во добро …
Continue Reading
На Богородица и Табановце се чека околу 40 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути, извести АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена …
Continue Reading
Голем пожар избувна во Сарај, се гасне од воздух, но и со противпожарни возила
Се појави нов пожар во Општина Сарај кај село Љубин, што навлезе во боровата шума, извести Центарот за управување со кризи. – Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на ПП сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, …
Continue Reading
(Видео) Депонијата кај Чегране гори втор ден
Инспектори на Државниот инспекторат извршија увид на запалената депонија кај Чегране, Полошко, извести Центарот за управување со кризи. – На повик на командирот на ТППЕ Тетово Авни Ахмети денеска сум кај депонијата во Чегране, која што повеќе од една година не е активна, а на која што се складирало ѓубриште од општините Чегране и Брвеница. Веќе втор ден депонијата гори …
Continue Reading
Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“
Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот. Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест на годинешниот …
Continue Reading