Голема полициска акција во Белград: неколку приведени поради перење милиони евра

Во Белград во тек е голема акција за апсење осомничени за перење милиони евра, објави „Нова.рс“. Според неофицијални информации, на територијата на Белград БИА, српската полиција и даночната полиција во координација со Вишото јавно обвинителство во Белград, одделението за антикорупција, приведуваат осомничени, а во тек се претреси на повеќе локации. Според неофицијални информации, се сомнева дека осомничените го оштетиле српскиот …

Continue Reading

Крадел во продавница, па бил фатен од полицијата: приведен кумановец

Утрово во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(42) од Куманово. Тој се сомничи дека на 21.08.2023 со употреба на сила влегол во трговски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а М.Д. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против …

Continue Reading

Почина актерот Рон Сефас Џонс

Актерот Рон Сефас Џонс почина на возраст од 66 години, објави ТМЗ. Долго време се борел со компликации предизвикани од хронично заболување на белите дробови. Неговиот претставник ја потврди тажната вест. „Секој што го познаваше можеше да ги почувствува неговите топлина, убавина, дарежливост и добрина. Кариерата ја почна во театарот Nuyorican Poets Cafe, а љубовта кон актерството е присутна во …

Continue Reading

Киев објави нови информации за контраофанзивата, Москва нападната со беспилотни летала

Состојбата во источна Украина е „тешка“, но силите на Киев ги одбиваат руските напади и ја вратија контролата на неколку квадратни километри на источниот фронт минатата недела, изјави заменикот министер за одбрана на Украина, а Москва објави дека спречила нови напади со беспилотни летала. Украинската војска минатата недела соопшти дека Русија напаѓа во правец на Купјанск, град во источната Харковска …

Continue Reading

Алегри: Јилдиз утре ќе оди на шишање по нормална фризура

Јувентус моќно ја започна сезоната во Серија А. Едно полувреме им беше потребно на избраниците на Масимилијано Алегри за да ја обезбедат победата на „Дачија арена“ против Удинезе. Јувентус со 3:0 победи во Удине. Кијеза погоди во втората, Влаховиќ од пенал во 20. и Рабиот во 45+3.минута од првото полувреме. Во втората половина од вториот дел, тренерот Алегри ја искористи …

Continue Reading

Силен земјотрес го погоди Кушадаси

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди заливот Кушадаси во Турција. Набргу потоа следеше уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според турските медиуми. Земјотресот се случил во областа Измир. Според информациите добиени од „АФАД“, соопштено е дека земјотрес со јачина од 3,9 степени во 10:57 часот и 3,5 во 10:59 часот се случил …

Continue Reading

Инцидент во дискотека во Црна Гора каде што бил премиерот Абазовиќ, употребен и солзавец

Во моментот кога премиерот Дритан Абазовиќ синоќа околу 2 часот и 30 минути ја напуштал дискотеката „Топ Хил“ во Будва, дошло до физички конфликт меѓу две групи млади момчиња, но тоа немало никаква врска со премиерот и неговото обезбедување, ниту била загрозена неговата безбедност во било кој момент, информираат од полицијата за РТЦГ. Како што објавија црногорските медиуми, не е …

Continue Reading

Како поврзаноста во Samsung-екосистемот ви го олеснува и поедноставува животот?

Денес на пазарот на мобилни телефони, Samsung нуди исклучително развиен екосистем кај своите производи, кој ви носи бројни предности. Заедно со паметниот телефон, кој денес е незаменлив придружник секому, Samsung нуди и палета други уреди кои меѓусебе поврзани сочинуваат хармоничен екосистем. Неодамна беше лансирана најновата линија уреди на Galaxy чии што перформанси, иновации и неодолив дизајн веднаш ги освоија срцата …

Continue Reading

Десетгодишно момче настрадало од струен удар во Крижевци, со стап за риболов ги допрел жиците на пругата

Десетгодишно момче е повредено во струен удар што се случил синоќа во Крижевци. Според надлежните, настанот се случил синоќа околу 19 часот, на железничкиот премин, кога момчшето со рибарски стап допрело електрични водови, а моментот на невнимание бил доволен да предизвика струен удар, за што на детето му била укажана лекарска помош. Полицијата настанот го окарактеризира како несреќен случај, а …

Continue Reading