Почина актерот Рон Сефас Џонс

1692608313_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Актерот Рон Сефас Џонс почина на возраст од 66 години, објави ТМЗ.

Долго време се борел со компликации предизвикани од хронично заболување на белите дробови.

Неговиот претставник ја потврди тажната вест.

„Секој што го познаваше можеше да ги почувствува неговите топлина, убавина, дарежливост и добрина. Кариерата ја почна во театарот Nuyorican Poets Cafe, а љубовта кон актерството е присутна во текот на целата негова кариера“, се наведува во официјалното соопштение на претставникот на актерот.

Рон беше најпознат по улогата на Вилијам Хил во драмската серија This is Us („Ова сме ние“), која му донесе четири последователни номинации за наградата „Прајмтајм Еми“, а ја освои двапати за најдобар гостин актер во серијата во 2018 и 2020 година.

Тој исто така глумеше во низа други серии, вклучително Law & Order: Organized Crime, Better Things, Luke Cage, Looking For Alaska.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK