Приведена жена од Куманово, извршила кражба во продажен објект
Вчера попладне во 15.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 42-годишната Е.П. од Куманово, извести МВР. – Таа се сомничи дека во продажен објект на улицата „425“ во Куманово одзела пари, велат од МВР. Е.П. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Руски и белоруски атлетичари нема да се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз
Претседателот на светската атлетика Себастијан Коу рече дека руските и белоруските атлетичари веројатно нема да можат да се натпреваруваат на Олимпијадата следната година во Париз. Пред претстојното првенство во Будимпешта, Коу изјави дека ставот по ова прашање е многу јасен. МОК може да дава само препораки, додека конечната одлука за учество ја носат индивидуалните спортски федерации.
Continue Reading
(Видео) Пендаровски: Најголемото признание за припадниците на Армијата е довербата која во нив ја имаат македонските граѓани
Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска се обрати на централната прослава за одбележување на 18 Август – Ден на Армијата. Во рамки на настанот, претседателот Пендаровски со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија одликуваше 13 припадници на Армијата, а со Медал за храброст одликуваше 60 припадници на …
Continue Reading
Челси го претстави Ромео Лавија
Челси официјално го објави потписот со дефанзивниот играч за врска Ромео Лавија од Саутемптон за 58 милиони фунти. Договорот на 19-годишниот талент е до летото 2030 година. Белгискиот репрезентативец беше желба и на Ливерпул, но на крајот, како и Моизес Каиседо, се одлучи за преселба во Челси, со што стана осмото ново засилување на лондончани ова лето. Лавија е младински …
Continue Reading
(Видео) Бендот кој ги одбележа 80-тите повторно се собира за настан
Членовите на култниот рок-бенд „Токинг хедс“ повторно ќе се соберат по повеќе од 20 години, поточно две децении откако бе примени во Куќата на славните во рокенролот (2002). Дејвид Брн, Тина Вејмут, Крис Франц и Џери Харисон ќе се соберат на настан во живо за да ја прослават 40-годишнината од нивниот документарен филм Stop Making Sense („Престани да мудруваш“). Настанот Q&A …
Continue Reading
(Видео) Силјановска со критики: Ако промената на Уставот е евроинтегративен фактор, ние ќе претседававме со ЕУ
Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова ги искритикува уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. Таа им кажа на премиерот Димитар Ковачевски и гостите од Владата присутни во салата со 61 пратеник да ги донесат измените, како што тоа го направиле кога гласаа заклучоци наместо преговарачката рамка. Според неа, ова што се бара од Македонија е спротивно на европските вредности без кои …
Continue Reading
(Видео) Илјадници луѓе бегаат од огромните пожари во Канада: „Имате време до пладне“
Илјадници луѓе кои живеат на север на Канада се собираат на аеродромот Јелоунајф, формирајќи линии од автомобили на единствениот автопат кој води јужно од огромната територија загрозена од бројни шумски пожари. Повеќе од 20.000 луѓе треба да бидат евакуирани од Јелоунајф, до петок напладне, на кој му се заканува огромен шумски пожар на само петнаесет километри од градот. Во четвртокот …
Continue Reading
Двајца скопјани под истрага за држење автоматско оружје забрането за граѓаните
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против две лица, на возраст од 32 и 26 години, со место на живеење во иста улица во скопски Чаир. Тие се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – И …
Continue Reading
Театарската претстава „Нора“ вечерва на драмскиот репертоар на „Охридско лето“
Фестивалската програма на 63-тото „Охридско лето“продолжува вечерва со театарската претстава „Нора” од Хенрик Ибзен, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на актерите од Градски театар Љубљана (МГЉ), Словенија. Двочасовната претстава наменета за целата публика ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. „Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и …
Continue Reading