(Видео) Бендот кој ги одбележа 80-тите повторно се собира за настан

toking-heds.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Членовите на култниот рок-бенд „Токинг хедс“ повторно ќе се соберат по повеќе од 20 години, поточно две децении откако бе примени во Куќата на славните во рокенролот (2002).

Дејвид Брн, Тина Вејмут, Крис Франц и Џери Харисон ќе се соберат на настан во живо за да ја прослават 40-годишнината од нивниот документарен  филм Stop Making Sense („Престани да мудруваш“).

Настанот Q&A („Прашања и одговори“) ќе се одржи на 11 септември во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ќе биде прикажан документарецот што  го прикажува бендот за време на концерт.

Настанот ќе се пренесува и во одбрани IMAX кина низ светот, а по неговата премиера на фестивалот, реставрираниот филм ќе биде прикажан и во другите кина низ светот на 22 септември.

Заедно со филмот, сите фанови ќе можат да купат ново делукс издание на музиката од филмот, кое вклучува комплетна сет листа на филмот, како и две необјавени песни. Исто така, ќе содржи белешки од сите членови на бендот.

Talking Heads се распадна во 1991 година и оттогаш членовите имаат комплицирани меѓусебни односи. Тие се собраа кога беа примени во Куќата на славните во 2002 година, но Дејвид Брн – фронтменот и автор на речиси сите песни на бендот – секогаш се противеше на идејата за повторно обединување. Тој смета дека тоа би било „голем број чекори наназад“.

„Мислам дека, накусо, можам да кажам дека се собравме повеќе како пријатели отколку како музичари. Тоа всушност беше заеднички музички вкус. А потоа постепено, како што стареете, растете и истражувате, вашиот вкус за музика почнува да се менува. По некое време, тоа што го правевме сè повеќе беше работа, а помалку дружење. Не се дружевме, па на крајот едноставно се оддалечивме,“ изјави тој за Wired минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK