Литванија пресилна за македонските кошаркарски кадети

kosharka makedonija litvanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија со 95-52  во рамки на завршното трето коло во групата Б на Европското првенство за играчи до 16 години во А дивизијата кое се одржува во Скопје.







Актуелниот европски првак беше пресилен за избраниците на селекторот Александар Јованчев, кои, сепак, со триумфот во воведното коло над Белгија ја остварија првата зацртана цел и обезбедија пласман во нокаут фазата.

Најефикасен вечерва во македонските редови беше Никола Јаничиќ со 15 поени.

Втората задача пред македонските кошаркари на ЕП е да обезбедат опстанок во А дивизијата, а битката за таа цел ќе ја почнат во осминафиналето против Словенија.

Поразениот од овој дуел ќе разигрува за пласман  од 9 до 16 место, а во пониската Б дивизија ќе се преселат репрезентациите кои ќе се пласираат на последните три позиции. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK