Владина делегација положи цвеќе во чест на загинатите бранители кај Карпалак

karpalak_24234232423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– По повод одбележувањето 22 години од трагичното загинување на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата, владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски денеска положи цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп,  каде ја посети и спомен-собата.







Цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот „Св. Петка“.

Со пригодни државни почести денеска се одбележуваат 22 години од нападот на конвојот на армиските сили на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак на 8 Август 2001 година.

Кај месноста Карпалак во 2001 година, во оружен конфликт загинаа десетте припадници на резервниот состав на Армијата: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK