Највозрасниот фудбалер во светот, Миура, ќе игра и следната сезона

– Највозрасниот активен фудбалер во светот, 56-годишниот Казујоши Миура, го продолжи договорот со Оливеиренсе и за следната сезона, соопшти денеска португалскиот второлигаш. Миура од февруари годинава настапува за Оливеиренсе како позајмен фудбалер од Јокохама, а во завршницата на минатата сезона постави рекорд како највозрасен фудбалер кој настапувал во португалската лига. Сопствениците на јапонскиот прволигаш Јокохама од лани се мнозински акционери …

Continue Reading

Американски санкции против шефот на разузнавачката служба на Србија, Александар Вулин

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави на списокот санкции го стави директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија, Александар Вулин. Според американското Министерство, шефот на српската разузнавачка служба, Вулин, е вмешан во „меѓународен организиран криминал, нелегално тргување со дрога и злоупотреба на јавна функција“. „Санкциите за Александар Вулин ја нагласуваат решеноста на Соединетите Американски Држави да ги повикаат на одговорност …

Continue Reading

Висок руски генерал убиен во украински ракетен напад

– Заменик-командантот на рускиот јужен воен округ, генерал Олег Зоков е убиен во украински ракетен напад, објави руската државна телевизија. -За жал, тој загина, херојски. Тој човек заслужува големо признание, тој имаше неверојатен авторитет во вооружените сили, изјави синоќа пензионираниот генерал и пратеник во Думата Андреј Гуруљов. Руското Министерство за одбрана официјално не потврди дека Зоков е убиен. Неколку руски …

Continue Reading

Бајден: Путин мислеше дека НАТО ќе се распадне – погреши

– НАТО е „посилен, поенергичен и пообединет“ од кога било во својата историја, изјави американскиот претседател Џо Бајден по завршувањето на самитот на Алијансата во Вилнус, пренесе Скај Њуз . Американскиот претседател кажа Владимир Путин веројатно „се обложувал дека НАТО ќе се распадне“ кога ја почна својата инвазија врз Украина минатата година. -Тој мислеше дека демократските лидери ќе бидат слаби… …

Continue Reading

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избори, власта ги користи уставните измени за дефокус од проблемите во државата

Власта тактизира, ги користи уставните измени како тема за која треба да се зборува, а во суштина во државата  се случуваат други процеси и граѓаните точно знаат каде се дефектите во државата, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „За или против“ на Алфа и посочи дека  ИК на ВМРО-ДПМНЕ реши прекине сите официјални билатерални средби со …

Continue Reading

Бектеши од Вашингтон: Засилените инвестиции во инфраструктурно и енергетско поврзување на регионот се силен позитивен импулс за странските инвеститори

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета во Вашингтон, САД денеска учествуваа на тркалезна маса со експерти и надворешни соработници на Атлантскиот совет во Вашингтон на тема евроинтеграцијата на Македонија, и регионалните состојби и проекти. Министерот Бектеши пред експертите од Атлансткиот совет истакна дека потпишување на Договорот од …

Continue Reading

Валас: Киев да покаже благодарност за оружјето, ние не сме Амазон

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас денеска изјави дека ја предупредил Украина оти нејзините меѓународни сојузници „не се Амазон“ и дека Киев треба да покаже благодарност за донациите на оружје за да ги убеди западните политичари да дадат повеќе. Валас зборуваше на маргините на самитот на НАТО во Литванија како одговор на новинарско прашање за поплаките на украинскиот претседател Володимир …

Continue Reading

Саудиски Ал Хилал нуди 30 милиони евра за Митровиќ

Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал понуди околу 30 милиони евра за трансфер на српскиот репрезентативен напаѓач Александар Митровиќ од лондонскиот премиерлигаш Фулам, јави денеска британската телевизија Скај. Според истиот извор, 28-годишниот српски напаѓач сака да го напушти Фулам и да се пресели во Саудиска Арабија. Митровиќ изминатата сезона постигна 14 голови и му помогна на клубот од Лондон да заврши …

Continue Reading

Ердоган: Турција до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот Парламент најмалку до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. Говорејќи пред новинарите во Вилнус по Самитот на НАТО, Ердоган рече дека пратениците се на одмор два месеци, по што „има многу (други) предлог закони за дискусија“. Турција изненадувачки оваа недела по повеќемесечно противење се согласи …

Continue Reading