Марковски: Поголема техничка подготвеност на општините за да се избегнат елементарни непогоди како во Делчево

20230610160052_big_730x400_8
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Елементарните непогоди слични на оние кои го погодија Делчево, во иднина ќе бидат уште поголеми и затоа општините треба да бидат технички поподготвени, за да може навремено да се реагира. Ова при денешната посета на Делчево го изјави Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје, кој при посетата на една од најоштетените улици од невремеро рече дека една од главните причини за ваквите појави се климатските промени.







-Очигледно дека се работи за елементарна непогода којашто ретко се случува статистички, меѓутоа, климатските непогоди по тоа што го гледаме, и се случува и кај нас и во соседството, мора да бидеме свесни дека вакви работи ќе има се почесто и затоа мора и технички да се подготвуваме, да бидеме што поподготвени и опремени, за да може да реагираме понавреме. А што е уште поважно, да реагираме превентивно за да имаме што помали штети. Во случајот се работи за оштетена улица, веројатно се работи за поткопување на асфалтот и тоа големо количество на вода настанато од врнежите го има уништено асфалтот  и поткопан насипот, рече Марковски.

Според деканот Марковски, со најавата за  нови врнежи се зголемува и опасноста од свлекување на земјиштето во одредени населби во Делчево заради што апелираше внимателно да се следат состојбите.

-Моите сознаниија говорат дека има активни свлечишта и може да дојде до лизгање на теренот, доколку продолжат врнежите. Треба да бидеме претпазливи да се следат состојбите. Прво да ги намалиме ризиците по човечки животи и по штети и да може да се преземаат соодветни реакции за да во иднина  штетите да бидат помали во вакви и слични  врнежи, додаде Марковски.  Марковски беше со министрите Бочварски и Шукова и извршија увид и на оштетениот дел од патот на магистралата А3 во Делчево. Тие го посетија пропустот каде има оштетување со цел, како што рече, да се утврди дали и како може да се санира во најбрз можен рок за да може сообраќајот да се одвива безбедно за сите учесници.  Министерката за животна средина Каја Шукова апелираше за поголема совесност на граѓаните при фрлањето отпад во речните корита.

-Кога зборуваме за вакви појави, апел секако до граѓаните. При вакви појави имеме многу често проблем со речните корита. Од аспект на животна средина, се замолуваат граѓаните да не фрлаат отпад во речните корита како би можеле речните корита да ни бидат протечни и чисти за водите кои поминуваат. И не само за речните корита туку и за целата средина во којашто живеат, правилно да се постапува со отпадот како не би имале проблем кога настануваат вакви проблеми коишто ги дава природата, а за жал не можеме да ги контролираме, рече Шукова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK