Бербок: Германија сака да ја зајакне соработката со Панама

20230610191443_big_730x400_95
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Германија сака поблиска соработка со Панама во областа на климата и енергијата, што може да придонесе за безбедноста на светската трговија, јави ДПА.







„Светската трговија е обезбедена на долг рок само ако се почитуваат меѓународните правила и ако се контролира климатската криза“, рече Бербок по разговорите со нејзината панамска колешка Жанајна Теуанеј во главниот град на Панама.  „Благодарение на Панамскиот канал, кој го поврзува Атлантскиот океан со Тихиот Океан, Панама е географски центар“, изјави шефицата на германската дипломатија, додавајќи дека „во Панама многу нишки се спојуваат и потоа повторно се раздвојуваат“.

Разгледувајќи го Панамскиот канал,Бербок истакна дека Панама обезбедува „незаменлив дел од светската инфраструктура што го гарантира просперитетот и на Европа“.  „Оваа важна глобална трговска рута може да биде заштитена само преку меѓународен поредок заснован на правила“, додаде таа.  Панама, со население од околу 4,5 милиони луѓе, е една од најмалите земји во Централна Америка. Таа, исто така, добива најголем дел од германскиот извоз во Централна Америка.  Панама увезува главно хемиски производи, машини, автомобили и автомобилски делови од Германија. Германија главно увезува суровини како мед, тропско овошје (банани, ананас и лубеници), како и палмино масло, морски плодови и кафе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK