Тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, полицијата ги привела

20230610192845_big_730x400_11
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Велес вечерва излезе со официјална информација  по видеото за тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, објавено на социјалните мрежи.







– Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појасни за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека по информациите добиени од МВР, во понеделник ќе преземе чекори и најави разрешување на директорите на основни училишта.   Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK