ЕУ ги повика двете страни на смирување на ситуацијата: Веднаш да се најде политичко решение преку дијалог

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го осуди насилството на Косово и ги повика косовските власти и демонстрантите да ја смират ситуацијата и да се однесуваат одговорно, јави дописникот на МИА од Белград. -ЕУ силно го осудува шокантното насилство во Звечан. Насилство извршено врз припадниците на КФОР, медиумите, цивилите и полицијата е апсолутно неприфатливо, …

Continue Reading

Втор хакерски напад врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција

Втор ден по ред хакерски напад создава проблеми во спроведувањето на завршните испити во средните училишта во Грција, а според грчките медиуми, обвинителот од Врховниот суд веќе наредил да се спроведе истрага, јави дописничката на МИА од Атина. Националната мрежа за технологија и истражување утрово била на мета на хакерски напад, по што паднала и платформата од која се избираат …

Continue Reading

Предлог – иницијативата за потребата од уставни измени се разгледува во Министерството за правда

Предлог-иницијативата за уставни измени во Министерството за правда каде се проверува од номотехнички аспект, а потоа ќе биде дадена на превод на албански јазик, информираат за МИА од Министерството за правда. Оттаму велат дека откако ќе биде подготвена таа ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои. Потоа, Предлог-иницијативата ќе биде доставена до Собранието. Според информации …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска на скринингот за Поглавјето 26, „Образование и култура“

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Брисел со свое излагање ќе го отвори билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 26, „Образование и култура“. Како што информира Министерството за култура, членовите на работната група ќе го презентираат нивото на усогласеност на македонското законодавство со правното законодавство на Европската Унија во областа на образованието и културата. – Темите и областите во ова поглавје …

Continue Reading

Нивоата на реките во рамки на просекот за мај

Нивото на водата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења. Според Управата за хидрометеоролошки работи, исклучок прават реката Вардар кај Јегуновце, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Штип, каде нивото на водата е над просекот за овој месец. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не отстапуваат …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум на Глобсек 2023 во Братислава. На Форумот, учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, како и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации. Во фокус на дискусиите на претстојниот Форум, како што соопштија од владината прес-служба, учесниците ќе се фокусираат на три теми – натамошната …

Continue Reading

Општина Ѓорче Петров ќе одвои по 400.000 денари премија за ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и ЖРК Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финансиски со по 400.000 денари ќе ги награди фудбалскиот клуб Македонија ЃП и женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров. – ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров се годинешните најтрофејни спортски колективи во нашата општина, но и во Република Македонија. ЖРК Ѓорче Петров по втор пат е освојувач на сениорската женска ракометна лига и …

Continue Reading

Јавен повик за регистрирање на здруженија и фондации што делуваат во областа животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е во процес на изработка Регистар на здруженијата на граѓани и фондации во Република Северна Македонија што работат на заштита на животната средина и природата во кој ќе бидат класифицирани по приоритетни области на интерес. На овој начин, како што наведуваат од МЖСПП, се подобрува комуникацијата со невладиниот сектор и се …

Continue Reading

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност …

Continue Reading