Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Guvernerski panel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“.







Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека од историска перспектива во справувањето со оваа инфлациска епизода, во светски рамки, сведочиме за едно од најсинхронизираните затегнувања на монетарната политика во изминатиот половина век, при што реакцијата на централните банки беше двојно посилна во однос на историскиот просек.

Ова е карактеристично и за земјите од регионот, коишто реагираа преку различни инструменти во зависност од монетарната стратегија и инструментариумот којшто го имаат на располагање. Како резултат на реакциите на централните банки, и при пад на цените на примарните производи вкупната инфлација значително забавува и од нејзиниот максимум од 14,3% во 2022 година се сведува на околу 10% според последните податоци од април годинава, иако базичната инфлација покажува поизразена инерција. Овој тренд се бележи и во македонската економија.
Во однос на идните инфлациски движења во економиите во регионот, како мали и отворени, таа посочи дека тие ќе бидат условени од неколку битни фактори. Првиот е трајноста и големината на надворешните шокови, односно поместувањата на пазарите на примарните производи, врз коишто не можеме да влијаеме. Понатаму, важен фактор ќе биде степенот на чувствителност на економиите во регионот на надворешните шокови, што зависи од структурните карактеристики и преземените структурни реформи за ублажување на ранливоста ‒ нешто што не може да се промени за краток рок, но може на среден рок. На крајот, од исклучителна важност за натамошно одржливо намалување на стапката на инфлација ќе биде водењето претпазливи макроекономски политики и нивната добра координација. Со помош на истрајноста во процесот на фискална консолидација ќе се изгради фискалниот простор, но ќе се обезбеди и поддршка во битката со инфлацијата.
На панел-дискусијата на тема „Одржување на стабилноста на цените и банкарскиот систем во неизвесни времиња“, на која учествуваше гувернерката, се претставија и гувернерите на централната банка на Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и вицегувернерите на Албанија, Словенија и Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK