Втор хакерски напад врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција

sredno-uchilishte-grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Втор ден по ред хакерски напад создава проблеми во спроведувањето на завршните испити во средните училишта во Грција, а според грчките медиуми, обвинителот од Врховниот суд веќе наредил да се спроведе истрага, јави дописничката на МИА од Атина.







Националната мрежа за технологија и истражување утрово била на мета на хакерски напад, по што паднала и платформата од која се избираат темите за завршните испити, додека пак вчера постоела масовна посета на мрежата со 280.000 конекции во секунда.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека по денешниот втор хакерски напад реагирал обвинителот од Врховниот суд Исидорос Дојакос кој побарал детална истрага, но и помош од Секторот за борба со електронски криминал.

Хакерските напади, како вчера, така и денеска предизвикаа доцнења и одложувања на завршните испити во средните училишта во цела Грција.

Од Министерствата за образование и дигитална политика вчера истакнаа дека случајот се однесува исклучиво на интерните полагања во средните училишта и во никој случај не е поврзан со државните испити за запишување на факултет кои започнуваат в четврток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK