Општина Битола и РК Еурофарм Пелистер подготвуваат шампионски ракометен хепенинг

Општина Битола и ракометниот клуб Еурофарм Пелистер подготвуваат славенечки ракометен хепенинг со кој утревечер на плоштадот „Магнолија“ ќе се прослави освојувањето на шампионската титула на клубот. Пред утрешниот ракометен натпревар меѓу РК Еурофарм Пелистер и РК Тиквеш, битолските ракометари ги посети градоначалникот Тони Коњановски и јавно се заблагодари за резултатите со кои официјално, после 18 години, шампионската титула во ракомет …

Continue Reading

Бесими на состанок на Конститунцата на ММФ и СБ: Заложба на Владата е долгорочна фискална одржливост и економски раст

Само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој, насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните. Оттука, постепено го намалуваме буџетскиот дефицит, за да ги намалиме потребите за нови задолжувања, истовремено внимавајќи да не ја загрозиме развојната компоненета, бидејќи забавувањето на растот подеднакво произведува негативен ефект врз фискалната одржливост, истакнал министерот за финансии Фатмир Бесими на панел …

Continue Reading

Во Медитеранот исчезна брод со 500 мигранти

Брод со 500 мигранти, меѓу кои и новороденче и бремена жена, исчезна во Средоземното Море, објавија денеска две хуманитарни организации. Групата „Аларм телефон“ која ги прифаќа повиците од загрозени бродови со мигранти, соопшти дека изгубила контакт со бродот пред два дена. Во моментот на повикот, бродот имал дефект на моторот, и бил лоциран на 320 километри северно од либиското пристаниште …

Continue Reading

Обвинувања меѓу власта и опозицијата за настаните од 27 април на седницата за пратенички прашања

Пленарната собраниска седница за пратенички прашања претпладнево се претвори во меѓусебни обвинувања за настаните од 27 април во Собранието. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски постави прашање поврзано со одлуката на Судот во Стразбур во корист на Елена Доцевска Божиновска и дали ќе биде покрената истрага за судиите кои, како што рече, „носеле одлуки, а знаеле дека ги прекршувале човековите права“. …

Continue Reading

Почна реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ во Тетово

Во Тетово почна реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ која се протега од кружниот тек кај стадионот па до улицата „Никола Тесла“ во близина на поштата. Според градоначалникот Биљал Касами освен нов слој на асфалт ќе има интервенирање на подземната инфраструктура по потреба. -Се прави реконструкција на улица „Мирче Ацев“, затоа што оваа улица беше во многу незавидна ситуација и положба. …

Continue Reading

Земјотрес од 6,2 степени во Токио, нема опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Токио и околните области на источна Јапонија, но нема опасност од цунами. Земјотресот се случи во 19 часот и 3 минути, а според Јапонската метеоролошка агенција епицентарот бил на длабочина од околу 50 километри од источниот брег на Чиба. Не се регистрирани нарушувања во нуклеарната централа Токаи 2, …

Continue Reading

Електронската библиотека на штипскиот Универзитет достигна над 1.000 книги

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип  достигна 1.000 наслови во својата електронска библиотека, соопштија на денешната прес-конференција ректорот, Дејан Мираковски, раководителката на Центарот за издавачка дејност проф. д-р Лилјана Колева Гудева и  раководителот на Центарот за е-учење проф. д-р Зоран Здравев. Колева-Гудева истакна дека Универзитетот „Гоце Делчев“  во 2011 година имплементираше електронската библиотека , која отвори нова можност за изразување и презентирање на …

Continue Reading

Солзавец и шок бомби во Звечан, Косовската полиција влезе во зградата на општината

Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, а Срби, вработени во тие општини, се собраа пред влезовите во зградите, пренесе Бета. Во Звечан се слушнале истрели, а запленето е полициско возило, јавува РТС. Ситуацијата ескалирала по дискусија меѓу граѓани и припадници на косовската полиција во …

Continue Reading

Алиу: Дигитализацијата и подобрување на квалитетот на услуги е наш главен приоритет

Дигитализацијата и подобрување на квалитетот на услуги е наш главен приоритет, истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, кој денеска присуствуваше на настан организиран од Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) на тема: „Северна Македонија – денес и утре“, што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа. – Во однос на дигиталната трансформација на државата, Министерството …

Continue Reading