Новоизбраните градоначалници на општините во Северно Косово со полиција и инциденти влегоа во општините

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност. Ситуацијата во моментов е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција и нејзини возила, и не се исклучуваат уште инциденти Групи граѓани во утринските часови се собраа …

Continue Reading

Хамилтон најави продолжување на соработката со Мерцедес

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, чиј договор со Мерцедес истекува на крајот на сезоната, најави дека ќе ја обнови соработката со германскиот тим, отфрлувајќи ги со тоа гласините дека е во преговори со Ферари. „Мојот тим води разговори со Тото (Волф, шефот на Мерцедес) … речиси сме при крај да имаме подготвен договор. Ова е прв пат …

Continue Reading

Работната група ја усвои Предлог иницијативата за измена на Уставот

Работната група на денешната седница ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела. -Состанокот заврши успешно, едногласно ги донесовме сите одлуки, имавме плодна дискусија, …

Continue Reading

Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје

Градот Скопје и неговите жители добиваат нова Ботаничка градина која ќе се простира на 12.600 квадратни метри, и во која ќе бидат засадени над 4.600 уникатни дрвја и садници. Во Ботаничката градина ќе се постават видиковци, нова урбана опрема и бројни други содржини за посетителите. Предвидено е во градината, која ќе биде во рамки на Зоолошката градина во Скопје, да …

Continue Reading

Груби: Благодарам на пратениците кои денеска гласаа за поевтина и побрза изградба на коридорите

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска го поздрави усвојувањето на измените на законите со кои се овозможува побрза и поевтина изградба на коридорите 8 и 10Д. Груби, како што соопшти Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, им се заблагодари на пратениците кои со својот глас денеска се построија …

Continue Reading

Приведени две лица поради кривично дело „изнуда“

Полициски службеници од СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска околу 16 часот пред трговски центар на подрачјето на Скопје ги лишиле од слобода К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Според МВР, тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје. …

Continue Reading

Спасовски: Бонус платите за полицијата ќе бидат исплaтени на 5-ти или на 6 јуни

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево соопшти дека на полицајците кои имаат изработено дополнителни часови, бонус платите ќе им бидат исплатени на 5-ти или на 6 јуни. Одговорајќи на пратеничко прашање што го постави Тани Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски истакна дека сите средства по оваа основа досега се подмирени и веќе нема никакви тужби, извршувања, ниту наплати. -Од моментот …

Continue Reading

Во Албанија во првите четири месеци рекордна бројка од околу 1,7 милиони странски туристи

Рекордна бројка од  речиси 1,7 милиони странски државјани ја посетиле Албанија во првите четири месеци од годинава, што според извештајот објавен од Институтот за статистика (ИНСТАТ) претставува раст од 57 отсто споредено со истиот период минатата година. – Во периодот јануари-април најголем број од странските државјани кои влегле во Албанија се од Европа или  1.626.852, а потоа следат Америка и …

Continue Reading

Бочварски: За изградбата на коридорите е донесена програма, се е транспарентно и јавно

Договорот кога ќе посакате, кога ќе сметате дека треба, ќе биде разгледан овде во Собранието, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во одговор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски кој праша дали со проектот со „Бехтел и Енка“ се предвидува ангажирање на пет специјалисти со месечен надомест од 36 500 евра и дали, колку и кои се празни …

Continue Reading