Ѓорѓиевски: Ќе се избориме за поголема финансиска стабилност на општините од централната власт

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во своето обраќање за време на четврта седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, истакна дека се лоцирани повеќето аномалии кои го оневозможуваат развојот на општините и кои бараат итно унапредување на методологијата за правично насочување на средствата од централно на локално ниво во согласност …

Continue Reading

ОН: Околу 200.000 луѓе избегаа од Судан од средината на април

Околу 200.000 луѓе побегнаа од Судан за да ги избегнат смртоносните борби што избувнаа во средината на април, додека неколку стотици илјади се внатрешно раселени, соопштија денеска ОН. Од своја страна УНИЦЕФ соопшти дека изгорела фабрика во Картум, што произведува голем дел од храната за суданските деца кои страдаат од најтешката форма на неисхранетост. Пожарот ги уништил машините, поради што …

Continue Reading

Средба Маричиќ-Беслими: Заедно сме на европскиот пат, кон подобра иднина

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со првиот вицепремиер за европска интеграција, развој и дијалог на Косово, Бесник Беслими, на која, како што информираат од СЕП, беа потврдени одлични пријателски односи на двете земји, како и потребата од продлабочување на соработката, особено во делот на евроинтеграциите и искористувањето на ИПА програмата за прекугранична соработка. – Заеднички …

Continue Reading

ЕЦБ мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банките во еврозоната, тврди Европскиот суд на ревизори

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банкарскиот сектор и да ги заостри капиталните барања за кредиторите со поголем ризик, предупреди Европскиот суд на ревизори во денеска објавениот извештај. „И покрај зголемените напори во супервизијата на кредитниот ризик на банките и проблематичните кредити“, ЕЦБ не ги зајакна мерките за супервизија на банките со проблеми …

Continue Reading

УЕФА: Истанбул останува домаќин на финалето во ЛШ

Откако лондонски „Дејли Мејл“ неодамна објави дека финалето во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) би можело да се премести во Лисабон во случај на немири во Истанбул за време на претстојните турски претседателски избори, УЕФА денеска објави дека тоа не е точно. Натпреварот ќе се одигра во Истанбул на 10 јуни, како што е и планирано. УЕФА воопшто не води …

Continue Reading

Превентивни активности на СВР Тетово за безбедни матурски прослави, матурантите да не доаѓаат со автомобили

Во пресрет на претстојните матурски прослави, Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве реализираше повеќе активности со кои беа опфатени тетовските и гостиварските средни училишта и сопствениците на  угостителски објекти во кои ќе се организираат вакви прослави. На средбите со раководствата на училиштата посебно им било укажано практично да ги преземат сите потребни организациски и други мерки …

Continue Reading

ЈО: Истрага за две лица поради „служба во непријателска војска“

Во синхронизирана полициска акција денеска во раните утрински часови во Скопје и во Република Франција лишени се од слобода тројца македонски државјани, од кои двајца во Скопје и едно лице во Франција, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „служба во непријателска војска“, известуваат од Јавното обвинителство. Лицата се осомничени за учествување во вооружениот судир во Сирија како припадници на …

Continue Reading

Уставен суд оформи 11 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓани

Во периодот од 1 до 20 април Уставен суд оформи 11 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓаните. Како што се наведува во соопштението на Уставен суд, сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во …

Continue Reading

МАЕИ со сопствена листа во Пустец, во други општини нејзини кандидати на листите на СП

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ на неделните локални избори своја советничка листа има само во Пустец, а во други градови нејзини кандидати се на листите на владејачката Социјалистичка партија. – Во општина Пустец настапуваме со наша кандидатска листа за 15-члениот општински совет. Носител на листата е Таќо Гроздани, генерален секретар на Партијата. Во други …

Continue Reading