ОН: Околу 200.000 луѓе избегаа од Судан од средината на април

on
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 200.000 луѓе побегнаа од Судан за да ги избегнат смртоносните борби што избувнаа во средината на април, додека неколку стотици илјади се внатрешно раселени, соопштија денеска ОН.







Од своја страна УНИЦЕФ соопшти дека изгорела фабрика во Картум, што произведува голем дел од храната за суданските деца кои страдаат од најтешката форма на неисхранетост. Пожарот ги уништил машините, поради што производството е целосно прекинато.

Судирите во Судан избија на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали. Во насилствата досега загинаа повеќе од 750 луѓе, вклучително и цивили, додека околу 5.000 се повредени. Суданците бегаат во соседните земји, а во последните денови околу 30.000 избегаа во Чад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK