Превентивни активности на СВР Тетово за безбедни матурски прослави, матурантите да не доаѓаат со автомобили

svr tetovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на претстојните матурски прослави, Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве реализираше повеќе активности со кои беа опфатени тетовските и гостиварските средни училишта и сопствениците на  угостителски објекти во кои ќе се организираат вакви прослави.







На средбите со раководствата на училиштата посебно им било укажано практично да ги преземат сите потребни организациски и други мерки за безбедно организирање на матурските прослави, со непосредна вклученост во истите и на класните раководители и родителите на матурантите.

-Во таа насока, нагласено е учениците да не доаѓаат или да се враќаат со нивни или автомобилите на нивните родители. Од угостителите, пак, е побарано да ангажираат соодветни служби кои ќе се грижат за редот и безбедноста во објектите, на влезовите да контролираат што се внесува внатре и навреме да реагираат при евентуални провокации и можни инциденти, посочи Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според портпаролот целта на овие активности е да се превенираат несакани настани и појави и да се овозможи непречено и безбедно прославување во училиштата или угостителските објекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK