АД ЕСМ и ЕБРД ќе соработуваат за иневстиции во обновливи извори на енергија

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов заедно со дел од раководството одржаа состанок со високи претставници од Европската банка за обнова и развој. АД ЕСМ соопшти дека на состанокот се разговараше за тековните проекти кои се реализираат од областа на обновливите извори, при што како особено позитивен сигнал беше издвоено пуштањето во производство на првата фотонапонска електрана во кругот …

Continue Reading

Во Велес работилница за средношколци за искористување на био-отпад

Во ССОУ ,,Димитрија Чуповски “ во Велес се одржува работилница ,,Био технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење” на која освен ученици од ова училиште учестуваат и ученици од Неготино и Кавадарци. Тие два дена во биотехнолошка лабораторија учат за пренамена на био отпадот во други производи. Како што информира за МИА Мина Дамјановиќ Алтанџиева од РЕЦ – …

Continue Reading

Заев за „Катимерини“: Со Грција градиме заеднички енергетски пазар

За придобивките од Договорот од Преспа, за блиските односи со Грција, за билатералната соработка, за ставот на опозицијата кај нас, за членството на земјава во Европската Унија, но и за пораките што ги добива од грчките граѓани, говори поранешениот премиер на Сверна Македонија Зоран Заев за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто под наслов „По …

Continue Reading

Во март 415 одобренија за градење, предвидена изградба на 478 станови

Во март годинава се издадени 415 одобренија за градење, што е за 11,3 проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 589 059 000 денари, што е за 21,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија …

Continue Reading

Во кината лани биле прикажани 939 филмови, а ги гледале 274 279 луѓе

Во кината низ земјава минатата година биле прикажани 939 филмови, имало 11 326 кинопретстави на кои присуствувале 274 289 посетители, соопшти Државниот завод за статистика. Во 2022 година, во споредба со 2021 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 5.4 %. Со податоците се опфатени 13 кина.

Continue Reading

Стотици илјади лица ќе бидат евакуирани додека Бангладеш и Мјанмар се подготвуваат за силен циклон

Бангладеш и Мјанмар денеска се подготвуваат за евакуација на стотици илјади жители од крајбрежните области поради најавата за силен циклон во Бенгалскиот залив. Претставници на метеоролошките служби соопштија дека циклонот Мока се очекува во недела со ветер со брзина до 175 километри на час да ја покрие областа помеѓу Кокс Базар во Бангладеш и Кјаукпју во Мјанмар. Држава во која …

Continue Reading

Следната недела специјалиот кинески претставник почнува мировна мисија во Украина

Кина најави дека нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања следната недела ќе ја започне својата мисија за изнаоѓање политичко решение за украинско-руската криза, јавува Анадолија. Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Ли Хуи, специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања, од понеделник ќе ги посети Украина, Полска, Франција, Германија и Русија. „Тој ќе комуницира со сите страни заради политичкото …

Continue Reading

Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ наставата се одвива нормално

По вчерашниот случај со пораката на матурант во штипската Гимназија „Славчо Стојменски“, а која учениците и родителите ја протолкувале како заканувачка, денеска во соопштението на Јавно обвинителство се наведува дека Основното јавно обвинителство-Штип е известено за настанот. – Станува збор за пријава против полнолетно лице – матурант за наводни закани преку објава на една социјална мрежа. Се преземаат повеќе дејствија …

Continue Reading

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

Во март годинава во земјава се регистрирани 47 490 туристи, од кои 32.5 % се домашни туристи, а 67.5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во март изнесува 94 985, од кои 36.4 % се од домашните туристи, а 63.6 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот …

Continue Reading