Во Велес работилница за средношколци за искористување на био-отпад

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во ССОУ ,,Димитрија Чуповски “ во Велес се одржува работилница ,,Био технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење” на која освен ученици од ова училиште учестуваат и ученици од Неготино и Кавадарци. Тие два дена во биотехнолошка лабораторија учат за пренамена на био отпадот во други производи.







Како што информира за МИА Мина Дамјановиќ Алтанџиева од РЕЦ – Здружение Центар за ресурси во животна средина целта на проектот е да го зајакне вештините на наставниците од средните училишта за поуспешна интеграција на содржини за пренамена на био-отпад во биотехнолошка лабораторија. Таа појасни дека учениците во лабораторија учат како да се направат етерични масла од кори од цитрусни плодови како се добива масло од отпад , биофилм од кори од банана, масло од отпадни семки исто така учениците учат како од лушпи од јајца и талог од кафе да направат палети.

Воедно појасни дека фокус на програмата е изработка на Прирачник за наставници кој што ќе содржи сценариа за часови со експерименти на био-отпад. Тој материјал ќе биде целосно подржан со видео запис.

Работилницата во Велес е првата од вкупно седум регионални работилници кои ќе се одржат во земјава со вкупно 22 средни стручни училишта.

Претходно се одржа обука за наставниците вклучени во проектот кој што здружението РЕЦ го спроведува во соработка со УНИЦЕФ ,УНДП и Центарот за стручно образование и обука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK