Кан изведен пред суд

Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан денеска се појави на сослушување, на кое од судијата беше побарано да одобри притвор од 14 дена. Се очекува судијата за притворот на Кан да ја соопшти во текот на денот. Кан е уапсен вчера под обвинение за повеќе случаи на корупција. Неговото приведување предизвика насилни демонстрации на неговите приврзаници во повеќе градови. Само …

Continue Reading

Путин подготвува повлекување на Русија од европскиот договор за контрола на оружјето

Русија се подготвува официјално да се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ Договор), согласно наредба на рускиот претседател Владимир Путин за која соопшти денеска Кремљ. Како што пренесе ДПА, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков бил назначен да ја води дебатата во парламентот. Самиот предлог-закон за повлекување сè уште не е примен во Руската Државна …

Continue Reading

НАД 200 ДЕЦА ВАКЦИНИРАНИ ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА НА МЗ и СЗО „ОД ВРАТА ДО ВРАТА“

Досега над 200 деца се вакцинирани на лице место за пропуштени рутински вакцини и се поделени повеќе од 4.000 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април 2023 година, како дел од Европската недела на имунизација 2023 година и се реализира со финансиска поддршка …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски се сретна со првиот човек на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на ИНТЕРПОЛ и Генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, генерал-мајор Ахмед Насер Ал-Раиси. На средбата се разговараше за соработката на Северна Макеоднија со ИНТЕРПОЛ, која годинава одбележува 30 години од членството во организацијата, соопшти кабинетот на шефот на државата. Претседателот Пендаровски изрази поддршка за натамошно продлабочување на соработката …

Continue Reading

Шутиноски: Имаме успешен прв ден на тргување на Македонската берза на електрична енергија

Денот на тргувањето на Македонската берза на електрична енергија покажа дека профункционираа системите на кои се тргува, кои се исти со системите кои се користат и во земјите од Западна Европа. Имаме успешен прв ден на тргување, истакна управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски. -Тргувањето беше успешно, сите учесници на пазарот кои денеска …

Continue Reading

Средба на Пендаровски со Викторија Билинг, директорка за Европа во британското МНР, Комонвелт и развој

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, регионалните предизвици, соработката во НАТО Алијансата, како и за европската перспектива на Северна Македонија. На …

Continue Reading

Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д

Пратениците на денешната 115. седница ја изгласаа потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Пратениците ги усвоија предлог законите, чиј предлагач е Владата, за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: …

Continue Reading

Спасовски – Ел-Рајси: Високо ниво на билатерални односи и пријателство меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати

Во Министерството за внатрешни работи денеска министерот Оливер Спасовски оствари билатерална средба со генерал мајор во МВР на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Насер Ел-Рајси. Билатералната средба во својство на генерал мајор во МВР на ОАЕ, соопштија од МВР, произлезе од учеството и отворањето на Ел-Рајси на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ, што се одржа во периодот од 08 до …

Continue Reading

Грчката полиција во соработка со македонската разби меѓународна мрежа за трговија со дрога – запленети над 100 килограми кокаин

Грчката полиција во соработка со колегите од Северна Македонија и канцеларијата на американската служба за борба против дрога во Атина, разби меѓународна криминална организација за трговија со дрога и заплени над 100 килограми кокаин во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од полицијата во Солун денеска на прес конференција соопштија дека во Грција уапсени се десет лица, запленети се …

Continue Reading