Путин подготвува повлекување на Русија од европскиот договор за контрола на оружјето

putin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија се подготвува официјално да се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ Договор), согласно наредба на рускиот претседател Владимир Путин за која соопшти денеска Кремљ.







Како што пренесе ДПА, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков бил назначен да ја води дебатата во парламентот. Самиот предлог-закон за повлекување сè уште не е примен во Руската Државна Дума, Долниот дом на Федералното собрание на Русија.

Договорот ЦФЕ ги поставува границите за стационирање на тешко оружје на европскиот континент. Тие вклучуваат борбени тенкови и борбени возила на пешадија, тешка артилерија, борбени авиони и хеликоптери.

Москва беше еден од потписниците на договорот во 1990 година, но најголемиот дел од неговата имплементација го стави во мирување во 2007 година.

Од 2015 година, една година по анексијата на украинскиот полуостров Крим, Русија исто така повеќе не учествува на состаноците на советничката група.

По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Путин ги повика воените компании во неговата земја масовно да го зголемат производството.

Оттогаш, многу компании во секторот работат во повеќе смени за да ги задоволат потребите на руската армија за муниција и оружје – вклучително и тешко оружје.

На почетокот на годината, Русија, исто така, го суспендираше договорот за контрола на нуклеарното вооружување Нов Старт, кој сè уште важеше како последен голем договор за разоружување меѓу Русија и САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK