Кан изведен пред суд

kan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан денеска се појави на сослушување, на кое од судијата беше побарано да одобри притвор од 14 дена.







Се очекува судијата за притворот на Кан да ја соопшти во текот на денот.

Кан е уапсен вчера под обвинение за повеќе случаи на корупција. Неговото приведување предизвика насилни демонстрации на неговите приврзаници во повеќе градови. Само во пакистанската провинција Пенџаб приведени се 945 демонстранти а во немирите повредени се 130 полицајци. Додека најмалку 2.000 демонстранти сè уште се околу резиденцијата во Лахоре, која беше оштетена во пожар.

Поддржувачите на поранешниот пакистански премиер Кан за денеска подготвуваат протестен марш до главниот град Исламабад.

Кан беше уапсен вчера од пакистанската служба за борба против корупцијата по наредба на Врховниот суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK