Силно невреме во Скопје

skopje_nevreme_353543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Силно невреме попладнево го зафати Скопје. Од УХМР велат дека низ државата и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.







– Во Скопје попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, се наведува на веб-страницата на УХМР.

Дожд и невреме се очекува и утре.

– Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK