Тековни активности на ЈП Комунална хигиена за време на викендот

gjubre_32534535
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје започнаа со реализација на тековните викенд – активности за собирање и транспорт на отпадот од поставените контејнери и канти во сите скопски општини, како и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини.







-Активностите се одвиваат и во централното градско подрачје – на улицата и плоштадот Македонија, како и на кејот „13 Ноември“, каде што се врши рачно метење и празнење на корпите наменети за одлагање ситни отпадоци, додека  истовремено се реализира и рачно метење под надвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, информираат од ЈП Комунална хигиена – Скопје.

Воедно во текот на денешниот ден, екипите на Претпријатието извршија подигнување и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците Mетодија Митевски, Вуковарска и Благоја Паровиќ во скопската општина Чаир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK