Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите

koridori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка.







Членовите на комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д.

На денешното продолжение на седницата треба да почне расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање.

Во досегашниот тек од дебатата на Комисијата за европски прашања, опозицијата даде забелешки на носењето на законите со европско знаменце и по скратена постапка. Обвинија и дека се носат законски измени во врска со договор кој воопшто не го виделе, а со кои на работниците ќе им се наметне да работат по 72 часа неделно на отворено наместо по 40 часа.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, одговорија дека со измените воопшто нема да има зголемување на работното време и дека на работниците ќе им се плаќаат дополнителните работни часови за прекувремена работа за која ќе треба да дадат пишана согласност. Измените, посочија, се носат за да се овозможи побрза и певтина изградба на коридорите 8 и 10д.

Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месец

Премиерот Димитар Ковачевски вчера уште еднаш порача дека нема да се дозволи кочење на законските решенија за коридорите во Собранието.

– На граѓаните не им требаат блокади во Собранието, туку коридори и модерни автопати. Тие закони ќе бидат донесени и ќе се овозможи брза, ефикасна и поевтина градба, рече Ковачевски пред почетокот на првата од серијалот тематски трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“.

Во однос на тоа како претседателот Стево Пендаровски ќе ги оцени овие законски решенија и дали ќе ги потпише, рече дека шефот на државата е правник, професор по право кој има исклучително искусни правници во неговиот кабинет кои ќе ги изанализираат законите. За употребата на европското знаменце, Ковачевски истакна дека има секојдневна комуникација со Делегацијата на ЕУ, но и со Американската амбасада во Скопје.

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани седници на пет комисии.

Покрај измените на Законот за работни односи и на Законот за урбанистичко планирање, на дневен ред на Комисијата за европски прашања се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за експропријација и на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), како и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, сите по скратена постапка.

Во Собранието денеска ќе заседаваат уште три комисии. Пред членовите на Законодавно-правната е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, а Комисијата за финансисрање и буџет треба да ги разгледа Предлог-законот за гаранција на обврските по Финансискиот договор меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка.

Комисијата за одбрана и безбедност, пак, ќе расправа за предлозите за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите и на Законот за Oперативно-техничка агенција, и двата по скратена постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK