Полицијата јавува за шест случаи на насилство врз жени што се случиле за време на новогодишната ноќ.
Така, според информациите од МВР, доцна синоќа 41 годишна жена пријавила дека вчера околу половина час пред полноќ во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т..
Пријава имало и во Карпош, каде приведен е Б.М.Ѓ.(37) од Скопје, поради тоа што на вечерта физички ја нападнал неговата 36-годишна поранешна вонбрачна партнерка.
Доцна синоча во 02.30 часот во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје.
Во друг случај, 15 минути пред полноќ било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И.(26) од овој град физички ја нападнал неговата 27- годишна сопруга.
Вчера во гостиварско село полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.
Во 21.10 часот 38 годишна жена пријавила дека во домот во Гостивар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(40).
По целосно документирање на случаите ќе следат пријави, објави МВР.