Малта го презеде претседавањето со ОБСЕ од Македонија: „Украина ќе остане приоритет“

Заврши-првиот-ден-од-самитот-на-ОБСЕ-во-Скопје-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Малта денеска од Македонија го презеде едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а должноста претседавач ќе ја врши шефот на дипломатијата Јан Борг.

Борг свечено ќе го преземе претседавањето со Малта на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 25 јануари.

„Иако е голема чест да го преземеме претседавањето со ОБСЕ за 2024 година, и Малта ја презеде оваа улога со длабоко чувство на одговорност и должност“, објави денеска Борг.

Тој додаде дека релевантноста и опстанокот на ОБСЕ остануваат најважните приоритети и дека Малта, како претседавач, „ќе продолжи да работи на зачувување и одржување на основните принципи и обврски содржани во завршниот акт на Хелсинки и Париската повелба“, објави ОБСЕ.

Борг изјави и дека за време на целото претседателство Украина ќе остане приоритет.

„Малта ќе продолжи да ја нагласува потребата да се стави крај на руската агресивна војна против Украина, барајќи решенија за помош на Украина и нејзиното население“, нагласи Борг.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 1 декември, на крајот на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, соопшти дека одлуката за претседавање со Малта е донесена едногласно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK