Фајненшл тајмс: На Телеграм се води трговија со американски доверливи материјали

telegram_453533
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Документите на Пентагон, што припадникот на Националната гарда на САД, Џек Тешеира ги споделувал со пријатели во затворена чат група и што потоа станаа јавно достапни не се единствените доверливи податоци на американските органи што може да се најдат на Интернет.







Весникот Фајненшл тајмс во тек на две недели набљудувал неколку разговори на апликацијата Телеграм каде корисниците разменувале слични документи и споделувале линкови на папки на облачни сервиси.

Леснотијата со која учесниците на овие разговори споделуваат таква информација и разноличноста на документите укажува на тоа дека ова е само врвот на сантата мраз, коментираше американски дипломат за весникот.

– Дури и старите доверливи документи имаат вредност, од нив се гледа како ние приоѓаме на решавање на проблемите, како ги оценуваме заканите, ги спремаме луѓето. Хакерите зборуваат за тоа, но тешко е да се потврдат нивните тврдења, изјавил дипломатот.

Според еден од членовите на Телеграм чат кој бил следен од весникот, материјалите што таму се разместуваат „не е она најдоброто“.

– Можете со години да лутате по дарк-вебот, но вас на крајот нема да во поканат во потребната соба.

Во тие „потребни соби“ се рекламираат и продаваат „најдобрите“ материјали од украдени комерцијални податоци од САД и Европа, како броеви на кредитни карти и карти за социјално осигурување, електронски писма итн.

Во последно време најголем интерес има за документите од колекцијата на Тешеира, и тоа за оние кои медиумите сè уште не соопштиле. Во моментот кога еден корисник прашал дали има нешто ново, за кратко време се појавил линк на папка во Дропбокс каде биле најдени неколку слајдови.

Анализирајќи ги, весникот најде уште неколку неоткриени теми, како тоа дека Кина работела на создавање кибер-оружје способно да урива западни сателити, дека приватната воена компанија „Вагнер“ која се бори на страната на Русија во Украина, се обидувала да набави оружје од разни земји. Потоа некои медиуми соопштија дека такви земји биле Турција и Кина.

Некои од информациите во овие разговори се и адресар со имиња на вработени во Федералното биро за истраги (ФБИ), тајни инструкции за управување со борбени авиони на САД, база на податоци на полициски управи, гигабајти внатрекорпоративна информација што хакерите ја исфрлаат ако не се договорат да ја купи оној од кого е украдена.

Во случајот со документите од Пентагон протечени од Тешеира, постои ризик на виделина да не излегла сета информација па новите или преуредени материјали да можат да бидат искористени од проруски групи со цел дезинформација и пропаганда, велат некои аналитичари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK