По 30 години чекање започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“

По повеќегодишните најави и одложувања, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека довршувањето на булеварот со децении било едно од ветувањата за жителите на овој дел од градот, каде што секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани. Според него, по решавањето на долгогодишниот проблем со експропријацијата, трасата била ослободена и работите …

Continue Reading

Татко му се заканувал на синот со остар предмет

Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово. Претходно, неговиот син А.И. пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет. Ш.И. …

Continue Reading

Телефонски ѝ понудиле каско осигурување, уплатила 200.000 денари, па сфатила дека е измамена

Триесет и петгодишна скопјанка пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари откако поверувала во понуда за каско-осигурување. Според МВР, жената на 13 август во СВР Скопје пријавила дека во текот на јули телефонски била контактирана од женско лице, кое ѝ понудило каско-осигурување за нејзиното патничко возило, со ветување дека за возврат ќе добие поголема сума, односно премија. Откако во …

Continue Reading

Турнал 79-годишна скопјанка на земја и ѝ го украл накитот

Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била нападната и ограбена пред продажно место во скопската населба Карпош. Според МВР, жената на 14 август во 20:20 часот пријавила дека претходниот ден околу 17:50 часот, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

Татко пријавил дека ќерка му била нападната со пластично шише, па родителите на малолетниците го пријавиле него

Случај со малолетници во Кисела Вода прераснал во физички пресметки меѓу нивните родители, по што полицијата го расчистила настанот. Според МВР, 35-годишен скопјанец на 14 август пријавил дека претходната вечер околу 21:30 часот, на игралиште во Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако родителите пристигнале на местото, малолетниците се разбегале во двор …

Continue Reading

Шест пожари и натаму активни во Македонија, огнот се шири и кон Бојане

Шест пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13 часот на 15 август. Во текот на денот биле регистрирани вкупно 11 пожари. Покрај шесте активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е целосно изгаснат. Активни се пожарите во општина Студеничани, во реонот на селата …

Continue Reading

Ја тепал ќерката и се заканувал дека ќе ги запали неа и сопругата, се бара притвор

Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово. Според обвинителството, на 14 август осомничениот сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги нападне и ќе им го загрози животот. Случајот започнал откако …

Continue Reading

Мицкоски за лажната вест за водата во Скопје: Се надевам дека со измените во кривичниот законик ќе има казни за лицата кои создаваа хистерија

Повеќе од десет лица се повикани на разговор во Министерството за внатрешни работи по ширењето на лажната информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода, Мицкоски оцени дека ширењето вакви пораки преку социјалните мрежи претставува обид за создавање немир, …

Continue Reading

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот …

Continue Reading