Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца (по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични …

Continue Reading

Една од најубавите жени на светот пресече: „Никогаш повеќе не би можела да живеам со маж“

Шарлиз Терон со децении е тивка мака за мажите, излегувајќи со бројни познати момци, но… Живеењето со некој нов? Дефинитивно не! Актерката Шарлиз Терон откри некои детали од својот приватен живот за време на гостувањето во шоуто на нејзината колешка Дру Баримор, „The Drew Barrymore Show“. Поточно, таа јасно и гласно откри што мисли за заедничкиот живот со партнер и …

Continue Reading

(Фотогалерија) „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

Денеска во Скопје се одржа протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се молиме“. Илјадници учесници од различни работнички групи побараа од Владата подобро работно време и зголемување на платите.

Continue Reading

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица

На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко. При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот …

Continue Reading

Маж од Кочани се повредил со воздушна пушка: однесен во болница во Штип

Вчера во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 43-годишниот А.Г. од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со воздушна пушка. Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Маж нападнат и ограбен од жена во центарот на Скопје

Ноќеска во 01:30 часот во СВР Скопје 40-годишниот Д.К. пријави дека на 30.04.2026 на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од женско лице, со која се познавале, а при тоа од неговото возило таа му одзела торбичка во која имало пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Во водите на Преспанското езеро пронајдена граната од Првата светска војна

Вчера во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката населба во с.Отешево, ресенско, во водите на Преспанското езеро била пронајдена граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатата е безбедно подигната и утврдено е дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата светска војна.

Continue Reading

Двајца уапсени во Струмица: поднесена кривична пријава, расчистено разбојништвото

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против С.Х.(27) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 и против А.Х.(25) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „прикривање“ по член 261, а во врска со член 237 од Кривичниот законик. На 21.04.2026 во 18:00 часот на улицата …

Continue Reading

Кривична против штипјанец: физички нападнал дете во маркет

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 21.03.2026 во маркет во Штип, пријавениот физички нападнал дете.

Continue Reading