Полска испраќа детални инструкции до сите граѓани во случај на војна
Како да се подготвите за повеќедневен прекин на струја, како да останете смирени, како да преживеете во кризни услови 72 часа и што да имате подготвено во случај на евакуација – ова се дел од темите кои ќе бидат опфатени во водичот за кризни ситуации и воени ситуации. Оваа брошура, која ќе биде испратена во пакет, треба да стигне до …
Continue Reading
Во Велешко почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите
Каква е подготвеноста и ефективноста на системот за справување со болеста африканска чума кај свињите при евентуална нејзина појава, но и кои мерки треба да се преземат за негово подобрување, се дел од прашањата на кои во рамки на симулациската вежба за болеста африканска чума кај свињите, денес и утре во Велес и во Башино село, одговори ќе бараат експерти …
Continue Reading
Синот на Трамп слета во Белград, ќе се сретне со Вучиќ
Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател, слета во Белград. Тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, пишува Телеграф. Ова е негова втора посета на Белград во последните шест месеци. Тој го посети и Белград на крајот на септември минатата година, додека неговиот татко беше среде претседателската кампања. По тој повод тој организираше вечера за група деловни …
Continue Reading
Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка во општина Аеродром
Општина Аеродром извести дека ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“. Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуват од плакање следните категории: – Родители на три деца запишани во градинката; – Самохран родител со примања до …
Continue Reading
Ќерката на Моника Белучи во нова серија на Нетфликс: глуми со своето момче
Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева (21) на црвениот тепих се појави со своето момче, 24-годишниот италијански актер Саул Нани. Младиот пар ја промовираше серијата „Леопард“ на Нетфликс во која и двајцата глумат, а штом се појавија пред камерите го украдоа целото внимание. Младиот пар позираше самоуверено, а корисниците на социјалните мрежи коментираа дека ги потсетуваат на мајката …
Continue Reading
Ретклиф: Некои играчи не се доволно добри за Јуанјтед, а некои се преплатени
Косопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, изјави дека некои играчи „не се доволно добри“ за клубот и дека некои од нив се „преплатени“. Ретклиф, спомна играчите како Касемиро, Расмус Хојлунд, голманот Андре Онана, Антони и Џејдон Санчо, кои се на позајмица во други клубови, како фудбалери кои неговото раководство ги наследи. Навивачите ги критикуваа овие играчи додека беа на …
Continue Reading
Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени фотографии
Црногорската војска синоќа од морето на вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврди црногорската влада. Потврдено е дека Костелиќ и францускиот државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Воената морнарица на Војската на Црна Гора и хеликоптерска поддршка од воздух. …
Continue Reading
Западните земји испратија стотици тенкови во Украина, Полска убедливо најголемиот донатор
Во текот на изминатите три години од војната во Украина, голем број земји дадоа значителна воена помош, донирајќи стотици тенкови за зајакнување на украинските вооружени сили во одбрана од руската агресија, пренесува ХРТ. Според податоците на Килскиот институт за светска економија (IFW), Полска е убедливо најголемиот донатор, која на Украина и испорачала дури 354 тенкови. Меѓу нив има повеќе од …
Continue Reading
Автобус со деца заглавен во подвозник во Загреб, ги извлекуваат низ прозорците
Автобус на „Чазматранс“ денеска се заглавил во подвозник на улицата Мирамарска во Загреб.ж Според „Чазматранс“, автобусот превезувал деца во Загреб. „Видов луѓе како излегуваат низ прозорецот на возачот бидејќи се останато беше блокирано“, вели читател за Дневник. Наскоро се очекуваат повеќе детали.
Continue Reading