Филипче: Мицкоски директно го загрозува националниот идентитет со изолацијата на Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Христијан Мицкоски директно го загрозува националниот идентитет со изолационистичката политика на Владата, укажувајќи дека таквата политика ги загрозува и највисоките национални интереси на државата. „Христијан Мицковски вели ги штител националните интереси и идентитетот. Така му е изјавата. Ќе ја цитирам претседателката Сиљановска Давкова: „Преспанскиот договор го потврдува македонскиот идентитет“. Е што штити Христијан …

Continue Reading

Скопјанец ја следел партнерката и ѝ  испраќал пораки, маж во Гостивар ја претепал мајка си: пријавени неколку случаи на семејно насилство

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 16:40 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со П.Ј.(35) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 25-годишна поранешна партнерка дека ја следел и ѝ  испраќал пораки, а исто така дека под нејзиното возило пронашла уред за следење. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  Истиот ден …

Continue Reading

69-годишно лице загина во пожар во куќа во Валандовско

Вчера околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во с.Пирава, валандовско. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село. Според полицијата, од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана …

Continue Reading

Трамп, Гренланд и Данска потпишуваат договор: кому што ќе припадне

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ќе се сретне со лидерите на Данска и Гренланд за да потпише договор што ќе овозможи значително проширување на американското воено присуство во Гренланд и потенцијално ќе го заврши повеќемесечниот спор околу стратешки важниот арктички остров, објави Ројтерс. На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Трамп ќе се сретне со данската …

Continue Reading

Расте бројот на повредени во Турција: приведени мајката, таткото и дедото на малолетниот напаѓач

По вооружениот напад што се случи пред средно училиште во округот Тургутлу, во покраината Маниса, Турција, во кој беа повредени 11 ученици, од кои двајца добија тешки повреди, министерот за правда на Турција, Акин Гурлек, објави дека по пукањето во училиштето, мајката, таткото и дедото на малолетниот напаѓач се приведени. Министерот за здравство Кемал Мемишолу објави дека сите 11 повредени …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо

Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо, уште помалку да зборува за права на секој еден граѓанин, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „На Венко Филипче, како главен во талогот на СДС, откако направи низа на криминали му текна да се грижи за работниците и минимална …

Continue Reading

Земјоделецот го фрлија на пазарот, а откупувачите ги ставија под државен чадор, велат од Левица

ДПМНЕ може уште сто пати хистерично да го прогласува македонското земјоделство за препородено и успешна приказна, но покрај фактите на терен, секојдвневните сведоштва и бројките од државната статистика се брутални, велат од Левица. Како што наведуваат, во првиот квартал од 2026 година вредноста на откупот од индивидуалните земјоделски производители се урнала за над 46,2%, а во вториот квартал е уште …

Continue Reading

Чурлинов од административни причини нема да игра за Македонија

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки на претстојниот прозорец (26.09 – 06.10) од новиот циклус од Лигата на нации. Причината е административна процедура поврзана со неговиот престој и работниот статус во Полска. Клубот Погон Шчечин во кој настапува Чурлинов доцна ја започнал постапката …

Continue Reading

Словенија без Шешко против Македонија

Бенјамин Шешко ќе ги пропушти претстојните репрезентативни натпревари поради болки во потколеницата. Словенечкиот напаѓач објави порака во која ја објасни ситуацијата и изрази жалење што нема да може да им помогне на своите соиграчи. Селекторот на словенечката репрезентација, Боштјан Цесар, нема да може да смета на Шешко во претстојниот циклус натпртевари во Лигата на нации. Поради повредата, напаѓачот го пропушти …

Continue Reading