38-годишен маж почина во двор од куќа во Драчево, телото дадено на обдукција

Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во двор од куќа на подрачје на Драчево починал 38-годишниот М.Ж. од Скопје, извести МВР. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Continue Reading

Коцевски со претставниците на ЕУ Проектот за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе 21 МАР 24

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски ги прими претставниците на Проектот „ЕУ поддршка за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST), предводени од Ерик Винкен, проект –менаџер од холандскиот Центар за меѓународна правна соработка (CILC). Винкен, заедно со меѓународниот обвинителски советник од Словенија Аленка Ранзингер Сагмајстер, националниот советник Зоран Додевски и …

Continue Reading

(Видео) Ковачевски: Со СДСМ денес имаме 600 мегавати енергија од обновливи извори, наспроти 16 мегавати вкупно до 2016 година

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта. Во изјава за медиујмите Ковачевски се осврна …

Continue Reading

„Шкотска и ирска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – келтски дух, музика и традиционални специјалитети

Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново доживување за сите што трагаат по возбудливи вкусови и се подготвени да истражуваат различни национални кујни и култури. На 29 март во хотелот ќе се одржи „Шкотска и ирска вечер“ на која присутните ќе пробаат типични јадења од овие две земји и ќе се забавуваат со шкотските и ирските мелодии. Дел од менито ќе …

Continue Reading

Саутгејт сака да ја предводи Англија до 2026 година

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт сака да го продолжи договорот со Фудбалската асоцијација (ФА) до крајот на Светското првенство во 2026 година, пренесува британски „Сан“. Саутгејт ги известил челниците на ФА дека сака да остане селектор најмалку уште две години. Британските медиуми пренесуваат дека ФА по претстојното Европско првенство во Германија ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот со …

Continue Reading

Герасимовски: На Меѓународниот ден на поезијата го славиме поетското дело на великанот Петре М. Андреевски

По повод Денот на поезијата – 21 март, општина Центар и Здружението Форум за човекови права-Скопје, заеднички го реализираа проектот „Омаж за Петре М. Андреевски по повод 90 години од раѓањето – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус“. Проектот е во рамки на Конкурсот на општина Центар од областа на културата. Денот на поезијата е од особено значење не …

Continue Reading

Стефковски: Со засадување 5000 дрва и посаквме добредојде на пролетта

По повод почетокот на пролетта, општина Гази Баба спроведе акција за засадување на 5000 нови садници дрва на територија на општината. Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со ученици од општинските основни училишта засадија нови дрва во месноста Раштак. За настанот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук. „Заедно со учениците од општинските основни училишта на територија …

Continue Reading

„Скопје е развластен град“, вели Ковачевски

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта. Во изјавата за медиуми, Ковачевски истакна дека …

Continue Reading

„Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници“, вели Демократската унија за интеграција

„Демократската унија за интеграција ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Северна Македонија. Вака велат сите анкети што ги реализирале релевантните агенции во земјава, каде што ДУИ убедливо излегува пред албанската опозиција“, соопшти ДУИ. „За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во март – поддршката за ДУИ …

Continue Reading