САД почнаа да ги наплаќаат новите царини на Трамп од 10%
Американските царински службеници почнаа да ја наплаќаат едностраната царина од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите увозни производи од многу земји, а повисоките давачки за стоките од 57 главни трговски партнери треба да започнат следната недела. Меѓу земјите кои први беа погодени од царината од 10 отсто се: Австралија, Велика Британија, Колумбија, Аргентина, Египет и Саудиска Арабија. Во …
Continue Reading
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.354 лица
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати, јавија утринава локалните медиуми. Во исто време, шефот за хуманитарна помош на ОН, Том Флечер, ја пофали работата на хуманитарните организации и организациите во заедницата кои водат одговор на ситуацијата со земјотресот. Според ОН, повеќе од една третина …
Continue Reading
Денеска облаци и сонце, утре дожд и снег
Утре голема промена на времето. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9, а максималните од 12 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен …
Continue Reading
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура …
Continue Reading
(Видео) Баерн чекор поблиску до титулата, Аугсбург поразен по три месеци
Аугсбург по три месеци доживеа пораз во Бундес лигата. Во баварското дерби, Баерн Минхен ја оправда улогата на фаворит и по пресврт победи. Натпреварот во ВВК Арената во Аугсбург заврши со резултат 1:3 (1:1). Пред ова дерби, Аугсбург беше во серија од 11 натпревари без пораз во Бундеслигата (шест победи и пет нерешени) и во тој период прими само три …
Continue Reading
Ослободена од стапица мечка во Ресенско
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен). Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска …
Continue Reading
Полска ја затвора вратата; „Не им верувајте на Путин и Лукашенко, тие ве лажат“
Полскиот премиер Доналд Туск денеска најави „информативна кампања“ во седумте земји од кои доаѓаат повеќето мигранти за да ги спречат да влезат во Полска преку Белорусија. Поради оваа миграција, која, по Варшава, беше оркестрирана од Минск и Москва, на крајот на март, Полска го ограничи правото на азил на странците по пристигнувањето на границата со Белорусија. Туск исто така рече …
Continue Reading
Младо момче пропадна низ отвор на лифт во Сараево
На Природно-математичкиот факултет во Сараево денеска млад човек паднал низ отворот од лифтот, пренесува Radiosarajevo.ba. „Денеска во 13 часот и 44 минути пријавена е оваа несреќа. Млад човек се обидел да излезе од лифтот и паднал низ отворот“, изјавиле од противпожарната бригада на Сараево. Пожарникарите за две до три минути биле на местото на несреќата и го ослободиле, а момчето …
Continue Reading
Хотелите во Британија сo заканa дека ќе избркаат стотици баратели на азил
Хотели во Велика Британија се закануваат со бркање на стотици баратели на азил откако не ја добиле договорената исплата од сместувачката компанија „Stay Belvedere Hotels“ (SBHL), објавија британските медиуми. Хотелите, претежно во лондонската област, најавија дека минатиот месец требало да добијат исплати од СБХЛ за сместување на баратели на азил, објави британски „Телеграф“. Британското Министерство за внатрешни работи минатиот месец …
Continue Reading