Мбапе си ги бара парите од ПСЖ

Адвокатскиот тим на Килијан Мбапе тргна во напад во обид да го реши спорот меѓу фудбалерот и неговиот поранешен клуб, Пари Сен Жермен. Францускиот напаѓач тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а неговите адвокати истакнуваат дека побарале од судот во Париз да покрене постапка. Овој спор трае повеќе од една година, а Делфин Ферхејден, една од адвокатите, истакнува …

Continue Reading

Жена родила туѓо дете поради грешка на клиника за вештачко оплодување

„Монаш ИВФ“, клиника што работи низ цела Австралија, се извини откако пациентка во една од нивните клиники во Бризбејн примила погрешен ембрион, што значи дека родила дете од друга жена. Грешката била откриена во февруари, кога родителите што го добиле детето побарале нивните преостанати ембриони да бидат префрлени во друг центар за вештачко оплодување, пренесува „Гардијан“. „Наместо очекуваниот број ембриони, …

Continue Reading

Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска за руската државна агенција ТАСС изјави дека не размислувал за оставка и дека нема да ја напушти Република Српска. „Никогаш нема да поднесам оставка под притисок. Ќе ја напуштам политичката сцена само кога граѓаните на Република Српска ќе одлучат дека е време да си одам“, изјави Додик, пренесуваат сараевските медиуми. Тој додаде …

Continue Reading

Дефиле и Концерт на Националниот џез оркестар за утрешното свечено отворање на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“

Општина Гевгелија со Концерт на Националниот џез оркестар ќе го одбележи свеченото отворање на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. На 11 април 2025 година, на Градскиот плоштад во Гевгелија, најпрво ќе биде одржано дефиле, во коешто ќе учествуваат на стотина дечиња вклучени во активностите од областа на културата што се реализираат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз …

Continue Reading

Земјотрес во светот на модата: „Прада“ го купува „Версаче“

Италијанската модна куќа Прада денеска објави дека постигнала дефинитивен договор со американската групација Капри Холдингс за стекнување на 100 отсто од познатиот бренд Версаче за 1,25 милијарди евра. Спојувањето на двата светски познати брендови ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над шест милијарди евра, која на крајот ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како LVMH и …

Continue Reading

Партерно уредување на центарот во Богородица

Во тек е партерно уредување на центрарот во Богородица. Ова населено место ќе добие мини-плоштаден простор по завршувањето на градежните активности коишто опфаќаат: целосна реконструкција и поплочување на просторот со павер елементи, изградба на нови патеки, како и изградба на жардиниера за хортикултурни насади. – На почетокот од мојот мандат, како Градоначалник, нарачавме техничка документација, по што беше извршена реконструкција …

Continue Reading

Трамп дополнително ги зголеми царините за Кина

Белата Куќа потврди дека вкупната царина за кинески стоки сега е 145 отсто и дека стапката стапува во сила веднаш. Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, вчера објави дека царините против Пекинг ќе се зголемат на 125 отсто, како одговор на, како што тврди, нефер кинеските трговски практики. Сепак, Белата куќа денеска појасни дека бројката не ја вклучува постојната царина од …

Continue Reading

Промовирана книгата „Гевгелија порта кон Европа“ на Кире Јанишлиев

На 8 април, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, беше промовирана книгата „Гевгелија порта кон Европа“ од политикологот и новинар, Кире Јанишлиев. За статиите објавувани во весникот „Нова Македонија“, а сега издадени и во книга, осврт дадоа професорот по македонски јазик и литература и новинар Тони Аврамов и поранешниот директор на …

Continue Reading

Трамп: Договорот со Кина за „Тик-ток“ е на маса

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за „Тик-Ток“ со Кина е на маса, и покрај ескалацијата на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг. „Кина не е многу ентузијаст за потпишувањето“, рече Трамп во Овалната соба. „Имаме договор со некои многу добри луѓе, некои многу богати компании, кои би завршиле одлична работа со тоа, но ќе мора да почекаме …

Continue Reading