Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
Министерството за образование и наука известува дека направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани …
Continue Reading
Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани
Советникот Венко Крстевски денеска е избран за в.д градоначалник на Општина Кочани. На 62. седница на Советот на Кочани кандидатура за в.д градоначалник поднесоа советникот Венко Крстевски, избран од група избирачи, додека од ВМРО-ДПМНЕ беше предложен координаторот на советничката група Гоце Марков. На седницата оставка поднесе советничката од ВМРО-ДПМНЕ Кристина Атанасова Арсова. „Ќе побарам прошка и извинување на сите …
Continue Reading
Николовски: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани
Наплатата на приходи остварени од Царинската управа во првото тримесечје годинава се поголеми за 13,6 милиони евра во однос на истиот период минатата година. До обвинителствата се поднесени 102 кривични пријави, или за повеќе од цел тригодишен период од 2020 до 2023 година кога биле поднесени вкупно 85 кривични пријави. Ова беа само дел од резултатите на Царинската управа кои …
Continue Reading
Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанок на воени команданти
Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, а ранети се уште 117, Русија денеска соопшти дека целта била „воена“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија гаѓа исклучиво воени цели, одговарајќи на новинарско прашање за воздушниот напад врз североисточниот украински град што го шокираше регионот …
Continue Reading
Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа кој завршил во болница
Синоќа во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С.Б.(43) од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Пукано од автомобил во движење во Петровец
Синоќа во селото Петровец, од автомобил во движење, биле испукани неколку куршуми. Полицијата изврши увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Тетовец не сакал да застане на полициски знак и со вратата удрил полицаец
Полицијата кривична пријава против Ш.Р.(32) од Тетово, поради сомнение за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. „На 29.01.2025 во Тетово, пријавениот со патничко возило „опел“ не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници, при што со врата од возилото удрил полициски службеник“, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
Пратеничката група на Левица денес поднесе Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес – конференција. Според Левица Тошковски грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, неодговорно и непрофесионално што, како што велат, се оделотворило во низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови промашувања во …
Continue Reading
Улично куче нападна дете во Битола, било пренесено во болница
Улично куче нападнало осумгодишно дете на плоштадот во Битола. Детето со повреди на челото било хоспитализирано, а по медицинската помош е пуштено дома. За настанот реагираа и од Општина Битола. „Општина Битола, изразува длабоко жалење за немилиот настан, кој се случил вчера во угостителски објект на Плоштадот Магнолија, при што осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат …
Continue Reading