Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот. „Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев. Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател …

Continue Reading

„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и нефункционирањето на институциите под раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски“, велат од СДСМ. „Граѓаните на Скопје и цела Македонија се чувствуваат небезбедно на улиците, додека криминалот и насилството се шират на секој чекор. Наместо ефикасна превенција и реакција, …

Continue Reading

Зеленски: Поголемиот број делови од севернокорејската ракета испукана кон Киев доаѓа од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на социјалните мрежи објави дека ракетата употребена во вчерашниот напад врз Киев, во кој загинаа 12, а беа повредени повеќе од 90 лица, е произведена во Северна Кореја. „Недостатокот на доволен притисок врз Русија им овозможува да увезуваат такви ракети и друго оружје и да ги користат тука во Европа. Недостатокот на доволен притисок врз …

Continue Reading

Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Поранешниот американски претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота со неговата сопруга Џил, соопшти неговиот кабинет. Двојката ќе патува на погребот самостојно, а не со авионот на претседателот Доналд Трамп, кој исто така ќе присуствува на погребот. Според Ватикан, речиси 50 шефови на држави и десет монарси досега потврдија дека ќе присуствуваат на погребот. Џо …

Continue Reading

Пристигна првата реакција на Украина за преговорите меѓу Путин и човекот на Трамп

Јуриј Сак, советник во украинското Министерство за стратешки индустрии, за Би-би-си изјави дека Русија „одолговлекува“ во преговорите за Украина и го третира целиот процес како „спектакл“. Сак нагласи дека Украина секојдневно комуницира со своите европски партнери и дека тие го уверуваат дека ќе ја поддржат Украина сè додека не се постигне мир. Сепак, тој додаде дека постојат работи што само …

Continue Reading

Русија: Убиството на генералот во Москва е тероризам

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го опиша убиството на генералот Јарослав Москалик како „терористички напад“. „Главното прашање е да се запре конфликтот во срцето на Европа и светот. Секој ден гледаме толку многу жртви. Денес, еден припадник на руската војска беше убиен како резултат на терористички напад во Москва“, рече Захарова.

Continue Reading

(Видео) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

Висок руски воен офицер е убиен денес по експлозија на автомобил во градот Балашиха, во Московската област, објавија руските медиуми. „Маш“ го идентификуваше убиениот како Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили. Објавено е и видео од моментот на експлозијата. Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main …

Continue Reading

Градоначалникот Ѓорѓиевски со жителите на Црниче го одбележа празникот Балаклија

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше присутен на местото Балаклија во Црниче, каде заедно со жителите го прослави Источен Петок, значаен православен празник кој секоја година се одбележува на првата недела по Велигден. Тој истакна дека посебно му е драго што ова свето место, на кое се наоѓа изворот, беше ослободено од узурпација, вратено на жителите оплеменето со нови содржини кои …

Continue Reading

Трамп: Прилично сме блиску до мировен договор со Русите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес, пред да замине за Рим на погребот на папата Франциско, изјави дека Соединетите Американски Држави и Русија се блиску до постигнување договор. „Мислам дека на крајот ќе склучиме многу добри зделки… Ќе се обидеме да се извлечеме од војните за да спасиме 5.000 луѓе неделно. Тоа е мојата цел. Сакам да спасам 5.000 млади мажи …

Continue Reading