Јан Облак без рамен во Ла Лига го прескокна Икер, следен е Зубизарета

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари.  На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари …

Continue Reading

Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина

Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина во текот на ноќта, соопшти украинската војска. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека 80 од дроновите исчезнале од радарот, веројатно поради мерки за електронско војување преку кои тие биле пренасочени, или биле мамки што не носеле експлозиви. Најмалку 11 лица се повредени во рускиот напад со …

Continue Reading

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, но и на својот фејсбук профил искажа почит кон македонскиот револуционер. Како што наведува Сиљановска Давкова, Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина. -Со длабока почит, по повод 122-годишнината од смртта …

Continue Reading

Инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени најави Мицкоски

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот на инвестиција се очекува за една до две недели. Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски повтори дека една од примарните цели на Владата е номиналниот БДП да биде над 20 милијарди долари …

Continue Reading

Царина се пофали дека наплатиле 190,4 милиони евра, велат ќе се трошат за училишта, градинки, болници…

Царинската управа во текот на изминатиот месец наплати приходи во износ од 11,7 милијарди денари или 190,4 милиони евра, што е за 7,3 проценти односно 12,88 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година. Притоа приходите од данок на моторни возила се зголемени за 20,5 проценти, од царина за 14,1 процент, а од акцизи за 16,3 проценти. Како што информира …

Continue Reading

Две деца повредени во сообраќајка во село Дебреште

Синоќа пред полноќ во СВР Тетово било пријавено дека во село Дебреше се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл арора со гостиварски регистерски таблички управувано од малолетник од селото и патничко возило форд фиеста со гостиварски таблици, управивано од А.Ф. Во незгодата тешко бил повреден малолетникот кој што го управувал мотоциклот како и неговиот 15 годишен сопатник од село Добри Дол, …

Continue Reading

Сведоштво по страшната сообраќајка во Хрватска: „Се слушна силен тресок, врескање, а луѓето излегуваа низ прозорците“

Две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во страшната сообраќајка што се случи на автопатот А3 низ Хрватска вчера ноќта. На кобната несреќа, во која учествувале автобус и автомобил од Босна и Херцеговина, ѝ претходел „судир“ на автомобил голф и срна, која излетала на автопатот. „Автомобилот налета на срна која истрча на патот. Возачот очигледно не можел да …

Continue Reading

Тајната на Тито која никој никогаш не ја разјасни

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузот на комунистите на Југославија, маршал и врховен командант на вооружените сили, кој владееше со Југославија 35 години. Поминаа 45 години од смртта на Тито, но многу граѓани на поранешна СФРЈ сè уште го посетуваат неговиот гроб во Куќата на цвеќето во …

Continue Reading

Остатоци од ракетата испукана од јеменска територија против Израел се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“

Остатоци од ракетата испукана од јеменска територија против Израел денеска се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Израелските одбранбени сили. „Откако беше издадена воздушна тревога во неколку области на Израел, беа направени неколку обиди за пресретнување на ракета испукана од Јемен. Паѓање (остатоци) имаше во областа …

Continue Reading