Струмица доби Ритеил Парк „Симбол“

Денеска официјално се отвори Ритеил Паркот „Симбол“ – значајна, стратешка инвестиција со која Струмица добива нова урбана зона која ќе придонесе кон зголемена динамика на локалната економија и ќе го зајакне профилот на градот како регионален трговски и економски центар. Ритеил Парк „Симбол“ се простира на површина од 25.000 квадратни метри и претставува модерен комплекс кој обединува голем број трговци …

Continue Reading

(Видео) Спасовски: СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието на Република Северна Македонија, поднесе предлог-Закон за поддршка на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и за членовите на нивните семејства. Предлогот е поднесен по скратена постапка. „Сметаме дека после настанот што се случи на 16-ти март оваа година во дискотеката во Кочани, државата има обврска да има институционален …

Continue Reading

Милановиќ: Европа лудува, војува, се вооружува

На денешен ден, пред 80 години, Загреб беше ослободен, а по овој повод во загрепската сала „Ватрослав Лисински“ се одржа свечена седница, каде што хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека проекцијата на НАТО е Хрватска да инвестира пет проценти од БДП во одбраната, што, како што рече, води кон пропаст. Милановиќ рече дека Европа полудува, војува, се вооружува, а ниту …

Continue Reading

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус на „Дурмо турс“, во која загинаа 16 лица. „Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ- 979/24, во јавноста познат како „Ласкарци“, по одржана јавна седница на 02.04.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел …

Continue Reading

Поранешен директор на јавно претпријатие ја злоупотребил позицијата: на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ -Скопје, подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање …

Continue Reading

Балде се опорави од повреда пред Ел Класико

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде (21), се опорави од повреда и ќе се биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во недела, објави шпанскиот спортски весник „АС“. Балде го повреди левиот бутен мускул пред три недели, поради што го пропушти финалето на Купот на Кралот и победата од 3:2 над Реал Мадрид во продолженијата, како и двата натпревари од …

Continue Reading

Струмица прв град на Балканот со поставени сензорски монитори за мерење на загадувањето на воздухот

Од денеска Струмица е првата општина во државата и на Балканот која започна да  гради хиперлокална мрежа од сензорски монитори која овозможува брзо и ефикасно во било кој временски период откривање на жаришта и извори на загадување на воздухот. На 6 локации во градот се поставени сензорски монитори, а нивниот број ќе се зголемува. На една од локациите каде што …

Continue Reading

Дрога и оружје пронајдени кај скопјанец, поведена истрагa

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Полициски службеници вчера извршиле претрес …

Continue Reading

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90 oтсто од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Има фирми кои работат пазарно, се борат и се натпреваруваат и има фирми кои со СДС работеа само за тендери. За овие вториве СДС се патрон. Зачудувачки е како ЈО со години молчи за тендер шемите на Стентон Градба. Ова го изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека во период од 2019 до 2023 година, …

Continue Reading