Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ …

Continue Reading

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со појава на нестабилност и краткотраен пороен дожд

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во …

Continue Reading

Бил Гејтс го обвини Маск за убиство на најсиромашните деца во светот

Милијардерот Бил Гејтс го засили својот конфликт со Илон Маск, обвинувајќи го најбогатиот човек во светот за „убивање на најсиромашните деца во светот“ со мерки што ги нарече погрешно насочени намалувања на американската помош за развој, пишува денес „Фајненшл тајмс“. Коосновачот на „Мајкрософт“, кој најави интензивирање на својата филантропска работа во следните 20 години и затворање на неговата Фондација „Гејтс“ …

Continue Reading

„Ако Путин не се согласи, ние ќе бидеме подготвени“: Макрон за прекинот на огнот меѓу Русија и Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека синоќа разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за прекинот на огнот во Украина. Макрон рече дека го поздравува јасниот повик на Трамп за безусловно примирје од 30 дена. Тој рече дека овој повик бил поддржан од британските и нордиските партнери во петокот наутро. Францускиот претседател нагласи дека сите сега мора веднаш да работат на …

Continue Reading

Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница. „Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата. Поради здравствената состојба, Санчез нема да го …

Continue Reading

Церемонија на свечено менување на државното знаме пред претседателската вила во присуство на основци од Скопје

Ученици од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“, од општина Аеродром, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, денеска го посетија Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Придружени од своите наставници, учениците ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме. Оваа церемонија се одржува секој втор петок во месецот и се реализира од Баталјонот за почести при македонската …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.

Continue Reading

Руте: „НАТО не вети дека членството на Украина ќе биде загарантирано“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата не ветила дека членството на Украина во таа организација ќе биде загарантирано со мировен договор со Русија. „Сите во НАТО се согласија дека патот на Украина кон НАТО ќе биде неповратен. Но, никогаш не се согласивме дека членството на Украина во НАТО ќе биде загарантирано во рамките на мировниот договор. …

Continue Reading

Фицо до Калас: Немате овластување да ја критикувате мојата посета на Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес ѝ порача на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, дека таа нема овластување да ја критикува неговата посета на Москва по повод Денот на победата. „Како висок функционер на Европската комисија, немате апсолутно никаква надлежност да критикувате суверен премиер на суверена земја кој има конструктивен пристап кон целата европска агенда“, …

Continue Reading