Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста

Од ноќеска на полноќ, дизелот ќе поскапи за два денари, додека цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 16.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР …

Continue Reading

Сите позиции на Алијанса за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијана за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“, сите места отстапени на албанскиот владин партнер остануваат за коалицијата „Вреди“. Министерот за животна средина Изет Меџити веќе се подготвуваат за кадровските измени. „Прво треба да ја констатираме оставката на Таравари. Она што е битно, сите позиции што ги има Алијанса за Албанците ќе останат …

Continue Reading

Костова: Просечно македонско семејство не може да ги покрие основните трошоци во месецот

Додека се распаѓа владината коалиција, граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа, економската состојба е катастрофална, обвини потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. „Животот е сѐ поскап, а платите не мрдаат. Маслото за јадење, млекото, лебот, јајцата – основните прехранбени производи – сѐ е поскапено. Пакување од 10 јајца, е веќе 113 денари, маслото за јадење над …

Continue Reading

Љутков: Библиотеките мора да се приспособат да бидат подостапни за сите граѓани

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во рамките на Конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“, порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани без исклучок. „На попреченоста не треба да се гледа како на пречка туку како на предизвик. Таа треба …

Continue Reading

Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар

Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за …

Continue Reading

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот син во Карпош

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот 14-годишен син на подрачјето на скопската населба Карпош. Според информациите на МВР, вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син. Се преземаат мерки за …

Continue Reading

„Мртва трка“ за титулата најдобар стрелец

Исклучително возбудлив станува финишот на трката за трофејот за најдобар стрелец во националните шампионати, кој на лауреатот ќе му ја донесе „Златната копачка“. Тројца се издвоија: Виктор Ѓокерес (Спортинг), Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Мохамед Салах (Ливерпул). Шведскиот напаѓач е далеку пред конкурентите по бројот на голови, постигна десет повеќе од двајцата во првенството оваа сезона (38), но тие се …

Continue Reading

Трамп објави: Непријателствата се решени

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени, откако ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната. Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави Ројтерс. Соседните нуклеарни …

Continue Reading

Агенцијата за филм на 78. издание на Канскиот филмски фестивал

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година активно ќе учествува на 78. издание на престижниот Кански филмски фестивал, во рамките на Филмскиот маркет (Marché du Film), кој претставува една од најзначајните светски платформи за промоција и развој на филмската индустрија. Почнувајќи од 2010 година, Агенцијата континуирано има свој промотивен штанд во рамките на Павилјонот на земјите од …

Continue Reading